kompiri so susam 1

Запржени варени компири со сусам

Ни се допадна идејата за овој лесен рецепт за запржени компири со сусам, па ја споделуваме со сите! Ако ви останале варени компири кој не сте ги изеле додека биле топли, еве еден вкусен начин како брзо и лесно да го спремите без да ги фрлате.

Рецептот ни доаѓа од кујната на Клара, а таа вели: „Во ова топло мезе или прилог, секако можи и да си поиграте со вкусовите и да додадете некои зачини, но тогаш се губи филингот на убавата арома на печената презла и сусамот. Затоа, јас додадов само малку сенф во прав“.

компири со сусам

Состојки:

  • ½ кг варени компири
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици масло
  • 2 полни лажици презла
  • 3 – 4 лажици сусам
  • 1 рамна лажица црвена пипер.

Подготовка:

  1. Исечкајте ги компирите ситно како за манџа.
  2. Во нелеплива тава на оган на средно висока температура ставете ги путерот и маслото да се загреат.
  3. Во растопениот путер ставете го сусамот и пропржете го кратко.  Потоа ставете ја презлата кратко да се пропржи.
  4. Во тавата додајте ги компирите и црвената пипер. Мешајте со дрвена лажица додека се соединат компирите со состојките.  Пропржете ги за време од 4 до 5 минути, а потоа тргнете ја тавата од огнот.
  5. Топлите компири со сусам послужете ги веднаш. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да го погледнете рецептот за печени компири на медитерански начин.

Сподели: