Зачинети пилешки батаци со сенф 2

Зачинети пилешки батаци со сенф

Колку и да е едноставна подготовката на некој рецепт и независно од тоа колку лесно ни се достапни состојките, често пати е потребно да ни проработи имагинацијата. Во оваа прилика споделуваме инспирација за еден убав ручек за пилешки батаци со сенф. Сочно е, брзо и многу вкусно со посебна арома!

Ние го имаме пробаме и си го подготвуваме често. И благодариме на Лана од блогот Kuhinjica Mignone за тоа што го сподели со нас, а еве како се прави.

Зачинети пилешки батаци со сенф 2

Состојки:

  • 4 пилешки батаци
  • 1 поголема главица кромид
  • 4 лажици сенф
  • сол по потреба
  • црн пипер по потреба
  • 200 мл бело вино.

Подготовка:

  1. Пилешките батаци најпрво измијте ги и оставете ги да се исцедат од непотребната вода.
  2. Посолете ги и поросете ги со црн пипер од двете страни, па премачкајте ги со сенф. Ставете ги во сад со капак.
  3. Кромидот излупете го и исечете го на кругови, а потоа и него распоредете го во садот. Затворете со капакот и оставете да стојат така преку ноќта.
  4. Наредниот ден, извадете ги батаците од садот и пропржете ги на малку масло од двете страни. Готови се кога ќе добијат пријатна кафеаво златна нијанса.
  5. Во садот со кромидот и сенфот додајте го белото вино и прелијте ги батаците.
  6. Така припремени и поклопени, динстајте ги околу 30 минути, додека месото стане меко. Сервирајте со ориз и прелијте со сосот во кој се динстале. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Маринирани пилешки крилца со сенф.

Сподели: