палачинки со печурки

Зачинети посни палачинки со печурки

Убаво е кога се истражува во кујната и се дегустираат нови јадења и специјалитети. Овој пат имаме многу вкусен и интересен рецепт за посни палачинки со печурки, кои изгледаат преубаво.

Идејата ни доаѓа на предлог од нашата пријателка Диана, која рецептот го објави на блогот Trydiani.

посни палачинки со печурки

Состојки:

  • 3 до 4 чаши вода
  • 1 ½ чаша брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • ¾ мала лажичка сол
  • ¼ мала лажичка шеќер по желба
  • 3 до 4 лажици масло.

За фил:

  • 300 грама свежи печурки
  • 1 лажица ситно сечкан кромид
  • 1 мала лажичка свежи зачини (магдонос, копар, босилек).

Подготовка:

  1. Во длабок сад се става брашното, солта, прашокот за печиво и шеќерот. Состојките се мешаат со лажица.
  2. Во садот се додава ½ литар вода и се меша убаво за да се добие хомогена смеса. Преостаната вода се става на оган да се затопи и постепено се додава во садот со брашното. Потоа се додава и маслото и убаво се меша.
  3. Печурките се чистат и се сечкаат на тенки листови.
  4. Во тава на оган се става малку масло да се загрее. Во загреаното масло се ставаат сечканите печурки да е запржат.
  5. Пржените печурки се вадат од тавата.
  6. За подготовка на палачинките постојат два начини. Може да ги измешате смесата од брашното, печурките, кромидот и зачините заедно, а потоа во загреана тава да ги печете. Или може да ги измешате смесата од брашното, кромидот и зачините заедно, а дел од печурките да ставате во тавата при секое печење на палачинката.
  7. Било кој начин да го одберете, најважно е тавата за печење на палачинките да ја загреете убаво на оган на средна температура. Палачинките печете ги од двете страни за време околу минута до две. Печените посни палачинки со печурки може да ги послужите веднаш во комбинација со свежа салата. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Палачинки со фил од тиквички и кашкавал.

Сподели: