убаво лице

За дамите над 40 години: ефикасни совети за убаво лице

Дами, време е да се уверите дека најубавите години само што започнале! Чувствувајте се прекрасно, имајте свежо, подмладено и убаво лице и на возраст над 40 години. Следете ги овие совети за убаво лице и заблескајте со младешки сјај.

Како што поминува времето, кожата на лицето се менува, а со тоа треба да направите и промени во дневна рутина. Овие совети ќе ви помогнат да ги намалите брчките на лицето и да ја освежите кожата.

убаво лице

Ослободете се од подуените подочници и темните кругови под очите

Подуеноста под очите најчесто е резултат на намалена циркулација на крвта, која природно доаѓа со текот на годините.

Покрај тоа, исхраната богата со сол и алергиите ја вложуваат состојбата. Консумирањето на големо количество на сол води до задржување на вода на невообичаени места во телото. Како резултат на тоа се создаваат подуени подочници. Освен тоа, консумирањето на многу сол влијае и врз циркулацијата на крвта, а со тоа крвните садови под очите се видливи како темни кругови.

Ако често ги чешате очите, а имате подуени подочници, заборавете на оваа навика. Најчесто чешањето на очите е предизвикано од алергија, но не секогаш. Независно од причината, престанете да ги чешате очите. Тоа ја иритира кожата и може да доведе до пукање на малите капилари или да предизвика подуеност на подочниците.

Дефинирајте ги веѓите

Како што стареете, вашите веѓи природно ќе станат потенки. Пополнете ги малку така што ќе добиете помлад изглед. Пробајте го овој домашен третман за негувани и убави веѓи.

Користете маски за лице

Маските за лице нудат многу придобивки, без разлика на вашиот тип кожа. Користете маска за да ја смирите, освежите и подмладите кожата. Настојувајте ова да биде дел од вашата неделна рутина.

Одржете ја убавината на кожата

Како што старееме кожата ја губи влажноста, па затоа и е потребна редовна хидратација.
Во периодот на 40-те години, кожата почнува да ја губи способноста за одржување на влажноста, па затоа од голема важност е правилно да биде заштитена. Избегнувајте ги штетните и силни сончеви зраци, а пред излегување нанесете заштитен крем со фактор 30 или повеќе. Ако сте пушач, престанете да пушите затоа што цигарите се најголемите непријатели на вашата кожа.

Ви препорачуваме да прочитате: Состојките од кујната корисни за нега на кожата по сончање.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: