За 10 секунди лесно исчистeте калинка.

За 10 секунди лесно исчистeте калинка

Можеби сте пробале и сте успеале, а можеби ви е потребна помош. Знаете ли како најдобро и најлесно да исчистите калинка? Во краткото видео може да погледнете како најбрзо да ги отстраните семките од калинката и да уживате во нејзината сочност!

Калинката е многу моќно и ценето овошје, одлично за срцето и крвните садови, а се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја. Отсекогаш била симбол на здравје, плодност и долговечност. Таа е богата со флавоноиди, полифеноли и моќни антиоксиданси кои помагаат за заштита од срцеви заболувања и рак. Само една чаша чист сок од калинка има повеќе антиоксиданси отколку што има во една чаша црвено вино, зелен чај, боровинки и малини. Калинката изобилува со витамини К, Ц, фолна киселина, бакар и калиум. Како овошје е многу интересна и несекојдневна и фантастична за нашето здравје, а за да дознаете за што е најмногу корисна, за кој се препорачува најмногу нејзиниот сок и кои се препораките за нејзинот најдобро користење, кликнете тука.

Кога станува збор за најбрзо и најлесно чистење на калинка, советот кој ни го дава Џејми Оливер е одличен. Во краткото видео може да погледне како за 10-тина секунди да ги извадите семките од калинката, а по желба и да ги претворите во превкусен и здрав сок. Потребен ви е остар нож со кој треба да ја пресечете калинката на половина, а потоа ставете ја во едната рака, така што прстите ќе ви бидат раширени и со помош на дрвена лажица чукајте со тапи удари по кората на калинката. Соберете ги семките од калинка во чинија и послужете се, или едноставно претворете ги во пресно цеден свеж домашен сок. За да го направите сокот од калинка, исцедете ја половинката од пресечената калинка во чаша, додајте мраз и вода и уживајте во вкусот на свежина.

Сподели: