zdrava zimnica 1

Подготовка на здрава зимница без конзерванси

Наједноставниот и најпрактичниот начин да се сочуваат хранливите состојки и витамините од свежиот зеленчук до следната пролет е секако зимницата. Денес ќе ви претставиме подготовка на здрава зимница без конзерванси на потполно природен начин.

Најздравиот начин на припрема на зимница е оној без конзерванси, а при што зеленчукот не се изложува на високи температури. Со тоа се сочуваат витамините и минералите до следната година. Како природни конзерванси за туршија се користат киселината, солта и шеќерот кои овозможуваат зеленчукот после ферментацијата да го сочува својот вкус и текстура.

зимница без конзерванси

Класичната туршија без конзерванси може да ја направите на следниот начин.

Зеленчук за зимница и зачини кои се користат како природни конзерванси

Изберете го омилениот зеленчук или направете негова комбинација.

  • краставички
  • зелени домати
  • моркови
  • карфиол
  • келераба
  • мали главици кромид
  • ротквици
  • пиперки
  • зелка.

Зачини кои се користат при подготовка на здрава зимница без конзерванси:

  • сол
  • шеќер
  • црн пипер во зрно
  • ловоров лист
  • алкохолна киселина (9%).

Подготовка на здрава зимница без конзерванси

При подготовка на здрава зимница треба да се следат правилата.

Зеленчукот темелно измијте го, исчистете го од темните делови и добро исушете го од водата. По потреба исечкајте го. Во чисти стерилизирани тегли наредете го зеленчукот. Во секоја тегла додајте мал филџан киселина, мала лажичка сол, лажичка шеќер, неколку зрнца црн пипер и по еден ловоров лист.

Во теглите дополнете со вода и затворете ги со капак. Наредете ги во голема шерпа, а до висината на капаците ставете вода. Лонецот со теглите ставете го на шпорет и оставете водата да зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете да вари уште 10 минути. После тоа, теглите внимателно извадете ги. Свртете ги со капакот од долната страна. Поставете ги во друг сад и завиткајте ги со стари ќебиња. Теглите оставете ги преку ноќ да се изладат на собна температура.

Вака припремата зимница е потполно конзервирана без никакви додатоци.

Ви предлагаме да прочитате: 9 совети за совршена зимница.

Сподели: