Здрава проја со блитва - без глутен.

Здрава проја со блитва – без глутен

Рецептов за оваа здрава проја со блитва доаѓа директно од нашата кујна, испробан е и ви гарантираме дека ќе посакате да го направите пак. Супер е како замена за леб, без глутен е, не дебели и погодна е за диета.

Вкусот е одличен и многу пријатен, лесно се комбинира со други јадења, со ајвар, со јогурт или павлака, со разни намази како што се вегетаријански намаз од зеленчук, домашен намаз од крем сирење, здрав намаз од маслинки и слично.

Здрава проја со блитва - без глутен

Состојки:

  • 4 јајца
  • 15-20 листа блитва
  • 200-250 гр  рендано сирење (може биено или бело)
  • 200 гр пченкарно брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 3 лажици масло
  • 1/2 лажиче сол
  • прстофат сусам за одозгора.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги листовите блитва. Потоа исчистете ги од дршките и издробете ги. На крај така припремената блитва обарете ја и убаво исцедете ја во цедалка.
  2. Во сад за матење изматете ги јајцата со миксер додека се појави трага од маталките при матењето.
  3. Додајте го брашното, прашокот за печиво и измешајте со лажица.
  4. Потоа додајте го маслото, исцедената и исечкана блитва, солта и повторно измешајте со лажицата.
  5. Припремената смеса за проја со блитва ставете ја да се печи во тава со големина 24, која е претходно намрсена и обложена со пченкарно брашно. Смесата е малку погуста и за подобра форма слободно зарамнете ја површината со помош на лажицата.
  6. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, за време од 15-20 минути. Со помош на дрвена чепкалка боцнете и проверете дали ќе остане залепена смеса на неа. Доколку нема остатоци, печената проја со блитва извадете ја од рерна и покријте ја со платнена крпа.

На здравје!

Сподели: