Здрава супа со мешан зеленчук и семиња

Готовите супи често пати содржат вештачки ароми и засилувачи за вкус како натриум глутаминат, па ви препорачуваме да ги замените со домашни супи. Како здрава алтернатива на готовите супи ви предлагаме да го пробате рецептот за здрава супа со мешан зеленчук и семиња.

Оваа домашна супа е богата со растителни влакна и протеини, не содржи глутен и вештачки ароми. Посна, нискокалорична и ја препорачуваме за време на пости, за вегетаријанци, лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина, се хранат здраво или за лица кои практикуваат исхрана без глутен.

здрава супа

Состојки:

  • 3 лажици мешан сушен зеленчук за супа (морков, целер, пашканат, праз, магдонос и кромид)
  • 2 лажици просо
  • 2 лажици хељда
  • неколку листови нане
  • куркума, сол и црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 1 литар вода и додадете просо.
  2. Во меѓувреме ситно исечкајте неколку листови нане.
  3. Штом водата ќе зоврие во тенџерето додајте го мешаниот зеленчук за супа, хељдата, малку од исечканите листови нане и зачинете со куркума, сол и црн пипер.
  4. Оставете супата да се вари за време од 20 минути. При крајот додајте го преостанатото нане. Подготвената здрава супа со мешан зеленчук и семиња послужете ја топла. По желба во супата може да додадете свеж магдонос и лук во прав. На здравје!

Сподели: