бомбици од јаболко и цимет

Здрави бомбици со јаболка и цимет без шеќер

Ви се каснува нешто благо и вкусно, но се грижите за начинот на исхрана и бројот на калории? Имаме супер предлог кој го креиравме во нашата кујна за здрави бомбици со јаболка и цимет, кои се прават многу лесно, а не содржат шеќер.

Ние ги направивме и го почестивме семејството и пријателите, а сите кои ги пробаа го потврдија нивниот фантастичен вкус, надополнет со аромата на печено јаболко и цимет. Па, што чекате? Засукајте ги ракавите и ајде во кујната. Посно, вегетаријанско, здраво уживање, без глутен!

бомбици од јаболко и цимет

Состојки:

  • 6 јаболка
  • 2 чаши овесни снегулки
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици ленено семе
  • 2 лажици сусам
  • 2 лажици сончоглед
  • цимет по вкус.

Подготовка:

  1. Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги. Ренданите јаболка ставете ги во тенџере на оган на средна температура и покријте ги со капак. Динстајте ги со повремено мешање додека омекнат.
  2. Омекнатите јаболка тргнете ги од огнот и во тенџерето додајте ги овесните снегулки, медот, лененото семе, сусамот, сончогледот и наросете цимет. Измешајте ја убаво смесата и со рацето формирајте топчиња во големина на орев.
  3. Колачињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Печете ги во загреана рерна на 180 степени за време од 5 минути. Печените бомбици со јаболка и цимет оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Здрави бомбици со овесни снегулки.

Сподели: