Здрави масти - што треба да знаете за омега 3 и омега 6 масните киселини 1

Здрави масти – што треба да знаете за омега 3 и омега 6 масните киселини?

Сѐ повеќе слушаме за важноста на омега масните киселини, па сѐ почесто ги консумираме и како суплементи во исхраната. Но, дали знаете колку се тие здрави и дека има одредени информации кои треба да ги знаеме за нивно најдобро користење во организмот? Повеќе за омега 3 и омега 6 масните киселини дознајте во продолжение.

Масните киселини се еден од најзначајните материи во склоп здравата исхрана, затоа што се заслужни за изградба на здрави клетки, го одржуваат здравјето на мозокот и ја подобруваат работата на срцето. За жал, омега масните киселини не се произведуваат по природен пат во нашето тело, што значи, мора да ги внесуваме преку храната која ја консумираме. При тоа е важно да знаеме дека сите масни киселини не се исти, па од клучна важност е да бидеме свесни за раликата помеѓу омега масните киселини и како да ги внесуваме преку храната баш оние кои му се потребни на организмот.

Здрави масти - што треба да знаете за омега 3 и омега 6 масните киселини 2

Омега 3 масни киселини

Омега 3 масните киселини се исклучително здрави за целокупното здравје. Тие го помагаат растот, ја стимулираат циркулацијата, го снижуваат високиот крвен притисок, ги нормализираат покачените триглецириди и го намалуваат ризикот од срцев удар и од коронарна артериска болест. Најдобри извори на омега 3 масните киселини се мрсните риби како што се лососот, скушата, туната и сардината, потоа оревите и лененото семе.

Омега 6 масни киселини

Омега 6 масните киселини треба да се внесуваат во помали количини. Некои истражувања покажаа дека поголема консумација на овие масни киселини може да го зголеми ризикот од одредени здравствени компликации како што се мозочен удар, инфаркт, аритмија, артритис, пореметување на расположението, дебелина, па дури и рак. Иако овие масни киселини се од суштинска важност и се непходни за нашето здравје, тие можат да влијаат на здравствените придобивки од омега 3  масните киселни и да го намалат нивното позитивно десјтво. Затоа, треба да се внесуваат ограничено и претпазливо. Најголеми извори на омега 6 масните киселини се сончогледовото масло, маслодајната репка, јајцата, авокадото, јаткастите плодови, житарките, поголемиот дел од растителните масла и семките од тиква.

Ви препорачуваме да прочитате: 13 улоги на омега-3 масните киселини и 20 извори на храна.

Сподели: