здрави навики на исхрана 1

Што се случува во нашето тело кога ќе започнеме со здрави навики на исхрана?

Сте се запрашале ли како делува здравата исхрана во организмот? Спрема повеќе експерти, со започнувањето и усвојувањето на основните здрави навики на исхрана,  можеме да очекуваме најмалку неколку добри промени.

Храната која ја јадеме може да манипулира со нашето цревно здравје, хормоните, па дури и со нашите мозочни функции. Предноста и користа од здравата храна, во нашето тело започнува да се појавува уште во првите 20 минути од консумацијата на првиот здрав залак.

здрави навики на исхрана 2

Како влијае здравата храна во првите 20 минути?

Тука главниот бенефит е за цревата. Тие започнуваат да се обновуваат и „лекуваат“. Професорот по медицина на универзитетот во Ајова, Тери Валс објаснува „Бактериите кои живеат во цревата, во просек се делат на секои 20 минути.“ Тоа би значело дека со правилно избрана здрава храна, балансот на корисните и штетните бактерии во цревата ќе биде што подобар, па ќе функционираат полесно за добро здравје.

Што се случува за неколку часа од консумирање на здравата храна?

Во овој случај главните придобивки се припишуваат на здравата мозочна функција. „Поради врската помеѓу варењето на храната и мозокот, храната која ја јадете влијае на вашито мозок во рок од еден час“, додава Валс. Поголем внес на шеќери во организмот, доведува до повеќе воспаленија, а повеќе зеленчук ги намалува воспаленијата во организмот и овозможува поздрава работа на мозокот.

Што настанува по применување на здрави навики на исхрана барем 3 дена?

Само за 72 часа откако ќе започнете со „чиста“ исхрана и урамнотежување на внесот на јагленихидрати, овошје и зеленчук, наместо преработена храна, „вашето ниво на инсулин и кортизол ќе се нормализира“, вели докторката Сара Готфред. Исто така додава, „тоа ќе резултира со многу повеќе енергија, а маснотиите околу стомакот ќе почнат да се топат.“

Ви препорачуваме да прочитате: Приоритетни навики како да го одржите здравјето на цревата.

Сподели: