Здрави солени бисквити без глутен 1

Здрави солени бисквити без глутен

Кој што обожава да грицка, а не знае што да биде тоа за да биде здраво, ви предлагаме да го пробате одличниов рецепт на Клара. Таа сподели со нас како да направиме здрави солени бисквити во кои може вкусно да се ужива.

Супер се и за оние кои се алергични на глутен, бидејќи не содржат такви состојки. Лесни се за јадење и уште полесни за правење. Формата може да ја менувате по желба, а за вкусот сме сигурни дека нема да сакате да го запоставите долго. Секогаш кога ќе посакате нешто за грицкање, нашите здрави солени бисквити ќе бидат вашиот прв избор!

Здрави солени бисквити без глутен 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Најпрво во поголен сад измешајте ја урдата со јајцата.
  2. Настрана измешајте го брашното со содата бикарбона.
  3. Потоа, во садот со измешаните урда и јајца додајте го брашното.
  4. Доколку урдата не е доволно солена, додајте сол по вкус, а по желба можете да додадете и малку црн пипер.
  5. Смесата се става во претходно обложен плех со хартија за печење и убаво се рамни.
  6. На крај, сечете штангли и ставете ги да се печат на 200 степени за време од околу 40-45 минути.

Рецептот го испратил:  Клара Бос.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни интегрални грицки.

Сподели: