Здравствени придобивки од лековитиот црн слез

Некои од најимпресивните здравствени придобивки од лековитиот црн слез се можноста за лекување на рани, заштитата против инфекции, намалување на воспалението и знаците на стареење, подобрување на здравјето на респираторниот систем, функциите на дигестивниот систем и сонот и третирање на главоболки.

Црниот слез е едногодишна или повеќегодишно растение кое потекнува од источниот Медитеран и Северна Африка. Најчесто расти на влажни подрачја, во близина на реките или рушевините. Благодарение на лековитите својства кои ги содржи, црниот слез има голема примена во медицината, а овој цвет се користел уште од антички времиња.

Цветовите и листовите од оваа уникатна билка се користи за медицински цели, добивање есенцијално масло, масти, кремови и слично. Најчесто листовите се користат за припрема на чај, а семето може да се консумира. Здравите листови од црниот слез може да се консумираат или да се нанесуваат локално врз кожата како облоги.

црн слез

Направете облоги од црн слез и намалете ги болките

Една од најчестите употреби на црниот слез е против болки, кога се нанесува локално врз кожата. Ако имате модринки или повреди на кожата, може да направите облога од листовите и да ја поставите врз болното место. Листовите се богати со витамини и имаат анелгетско дејство, така што ја намалуваат болката и непријатноста. Овие особини го прават популарна билка која се користи во маските за лице или во кремовите против главоболки.

Црниот слез го штити имуниот систем

Црниот слез е сојузник на имуниот систем, така што превенира бактериски инфекции.

Ако ве каснал инсект ставете листови од црн слез

Ако ве каснал некој инсект, имате изгореници на кожата од сонцето или чешање, гелот или облогите од листовите на црниот слез може да бидат многу ефикасни за намалување на воспалението, како и побрзо заздравување на кожата. Покрај тоа, маслото од црн слез може да се нанесува на воспалени и болни зглобови.

Чај од црн слез против несоница

Ако сте дел од лицата кои страдаат од несоница, направете си чај од црн слез. Тој го опушта телото и мозокот, така што ви овозможува мирен сон.

Предупредување: Постојат докази за интеракцијата помеѓу црниот слез и лековите кои се користат при дигестивни или респираторни проблеми. Пред да ја користите оваа билка како лек, консултирајте се со вашиот лекар.

Ви предлагаме да прочитате: Ајдучка трева – природен лек за многу болести.

Сподели: