crn piper 1

Здравствени придобивки од црниот пипер

Прстофат црн пипер се додава во речиси секој рецепт при приготвување на предјадења, главни јадења и салати. Црниот пипер (Piper nigrum) е зачин кој го употребуваме во секојдневната исхрана и голем број од нас го обожаваат, но сигурно не сте знаеле која е неговата корист за нашето здравје.

Здравствените придобивки од црниот пипер се многубројни како намалување на симптомите од респираторни заболувања, настинки, запек, лошо варење на храната, анемија, импотенција, заболувања на забите, дијареја и срцеви заболувања.

Црниот пипер е всушност овошје од истоименото растение, кој се користи како зачин и лек. Хемиската состојка пиперин, која ја има во црниот пипер, ја дава специфичноста на овој зачин. Црниот пипер потекнува од Индија, а уште од антички времиња е еден од зачините со кој најмногу се тргува во светот.

Благодарение на неговите антибактериски својства, пиперот се користи како природен конзерванс на храната. Претставува богат извор на манган, железо, калиум, витамин Ц, витамин К и растителни влакна. Црниот пипер исто така е добро позната намирница која го намалува воспалението.

црн пипер

Здравствените придобивки од црниот пипер се следните:

Црниот пипер го подобрува варењето на храната и елиминацијата на токсините од телото

Овој зачин го зголемува лачењето на хлороводородната киселина во желудникот и со тоа го олеснува варењето на храната. Правилното варење на храната е важно за да се избегне појава на дијареја, констипација и грчеви во стомакот. Црниот пипер помага во превенцијата на појава на интестинални гасови, а кога ќе се вклучи во исхраната го поттикнува потењето и мокрењето, со што се елиминираат токсините од телото.

Успешно помага при настинки и грип

Црниот пипер е добар при третман на респираторни заболувања, настинки и грип благодарение на неговите силни антивоспалителни својства и дејството како експекторанс, што значи помага во разградување на слузта и нејзино исфрлање од телото. Тој ја подобрува состојбата кај лица кои имаат проблеми со синусите и течење на носот.

Го забрзува слабеењето

Надворешната кора на црниот пипер помага во разградување на масните клетки. Па, така храната која е зачинета со црн пипер е сојузник на слабеењето. Кога масните клетки се разградени на нивните основни составни делови, тие лесно може да се искористат во организмот при повеќе процеси и ензимски реакции.

Ви предлагаме да прочитате: Повеќе од 12 причини да јадете ситна црвена пипер.

Сподели: