Здрав појадок без глутен и лактоза за 5 минути 1

Здрав појадок без глутен и лактоза за 5 минути

Ако и вие се борите со килограмите, сакате да намалите телесна тежина или едноставно вашиот организам не поднесува одредени состојки од храната, па имате здравствени проблеми, време е да го пробате нашиот здрав појадок без глутен и лактоза. Толку едноставен и брз, а супер вкусен и нутритивно квалитетен!

Брзо, богато со растителни влакна, без додаден шеќер и со здрави семиња. Дури и избраните состојки имаат помала количина на природен шеќер споредено со многу други намирници. Свежо и богато со нутриенти. Потребни ви се 5 минути и ќе бидете спремни да ја вкусите здравата енергија за лесно започнување на денот. Количината секогаш може да ја менувате по свој вкус, а еве што одприлика ви треба за едно лице, односно 1 порција.

Здрав појадок без глутен и лактоза за 5 минути 2

Состојки:

  • 1 средно големо зелено јаболко
  • 4-5 лажици овесни снегулки
  • 2 лажички ленено семе од Фила (може да го погледнете и купите тука или од поголемите маркети)
  • 1 полна лажица семки од тиква, исто така ги избравме од Фила, а може да ги купите тука или во маркетите и продавниците за здрава храна
  • 200-250 мл јогурт
  • 10 лешници или бадеми по желба.

Подготовка:

  1. Јаболкото прво измијте го, излупете го и изрендајте го, па ставете го во сад.
  2. Во садот додајте ги овесни снегулки, лененото семе и семките од тиква.
  3. Малку измешајте, па додајте го и јогуртот. Откако сте ги ставиле сите состојки добро измешајте и оставете малку да отстои, барем 5-10 минути.
  4. На крај, додадете ги и лешниците или бадемите. Тие може да бидат сечкани, да ги оставите цели или пак да направите комбинација, зависно од вашата желба. Ако се сечкани повторно промешајте и оставете неколку за декорација. Тоа е се, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Здрава пита со ленено семе и сончоглед.

Сподели: