бомбици со овес и мак 1

Здрави бомбици со овесни снегулки и мак

Сега може да се засладите со вкусни и здрави бомбици од мак и овесни снегулки, без да чувствувате вина дека сте јаделе нешто благо и нездраво. Овие бомбици од мак и овесни снегулки не содржат шеќер и глутен, а се одличен избор за вегетаријанци и за сите кои сакаат да се хранат здраво.

Овесот е лесно сварлива житарица и им се препорачува на лицата со проблеми со варењето на храната, при желудечни заболувања и болести на цревата. Макот содржи бројни витамини, посебно од Б групата (а од нив најмногу ги има тиамин и рибофлавин), други корисни материи како лецитин, оксалатна киселина и аморфни алкалоиди, како и 17 амино киселини во својот состав. Високата содржина на протеини и бионутриенти претставуваат важна потпора за нашиот организам и ваквиот состав е силна препорака за ова семе да биде застапено на вашата мени листа.

бомбици со овес и мак

Состојки:

  • 100 грама мелен мак
  • 60 мл топла вода
  • 50 грама мед
  • 20 грама путер
  • 1 лажица какао
  • 100 грама мелени овесни снегулки.

Подготовка:

  1. Мелениот мак ставете го во сад на оган, прелијте го со вода и загрејте го на средна температура, додека водата испари.
  2. Штом водата испари, садот со варениот мак тргнете го од оган, додајте путер и измешајте кратко за малку да се излади смесата.
  3. Во садот додедете го медот, какаото и овесните снегулки. Смесата добро измешајте ја и оставете ја минута до две за да почни смесата да се стврднува. Со лажица (може да користите и лажица за сладолед) формирајте бомбици, кои може да ги декорирате по желба со овесни снегулки, мак или какао. Оставете ги бомбиците преку ноќ во фрижидер.

Сподели: