Зелена салата со калинки и ореви.

Зелена салата со калинки и ореви

Пробајте ја нашата преубава и уникатна салата! Бидете храбри и отворени за нови вкусови, а ние ви гарантираме дека вкусот на оваа зелена салата со калинки и ореви е фантастично свеж и неповторлив, затоа што рецептот доаѓа од директно од нашата кујна и ние први го дегустиравме.

Калинката треба да биде дел од менито кај сите лица што имаат проблеми со срцето и крвните садови (или се предиспонирани за оваа болест), висок холестерол или стврднување на артериите (во овај случај е особено ефективна). Некои истражувања покажале дека калинката позитивно влијае во спречување на развојот на рак на дојка, рак на простатата, рак на дебелото црево, леукемија и тумори. Покрај тоа содржи соединенија кои го подигнуваат серотонинот и имаат благотворно дејство врз оние кои се депресивни и анксиозни. За да дознаете повеќе за здравствената корист од калинката, кликнете тука.

Зелена салата со калинки и ореви

Состојки: 

  • 7-10 листови зелена салата (марулка, салатка и слично)
  • 1/2 калинка
  • 2 парчиња лимон сечени на кругови
  • 4 ореви (8 јатки)
  • свежо цеден сок од половина лимон.

Подготовка:

  1. Најпрво со ладна вода убаво измијте ги листовите зелена салата, а потоа со помош на кујнска даска и добар остар нож, внимателно издробете ги парчиња со ширина од околу 1 см.
  2. Калинката прво измијте ја, а потоа со помош на техниката за чистење на калинка, за само 10 секунди лесно исчистете ги семките. За да ја погледнете техниката кликнете тука. Семките од калинката издвојте ги во посебен сад.
  3. Доколку е потребно оревите скршете ги, а ако сте купиле јатки само исечкајте ги со помош на нож, со исклучок на две јатки или 1 орев кој ќе остане од горе за декорација.
  4. Половинката лимон исцедете ја со помош на цедалка за лимони.
  5. Откако сте ги припремиле сите состојки, во убава бела чинија сервирајте ја салатата. Прво ставете ја зелената салата и полека рамномерно налејте го свежо цедениот сок од лимон, а потоа од горе наросете ги калинките и сечканите ореви. Декорирајте со круг засечен лимон и 2 јатки од орев на средината на салатата или декорирајте поинаку по своја желба.

На здравје!

Сподели: