Зелка – драгоцена намирница за побрз метаболизам

Зелката ја подобрува дигестијата, превентивно влијае од настинки и кашлица, а содржи и хлорофил кој се смета за растителен хемоглобин, па може да се каже дека секоја изедена порција зелка ќе ви помогне да го заштите организмот од повеќе болести како запек, дебелина итн. 

Готвена или свежа зелката се наоѓа многу често на нашите трпези, а она што е важно е дека изобилува со хранливи и лековити состојки. Зелката е богата со целулоза, која го подобрува варењето на храната, делува поволно за залечување на рани и помага во спречувањето на кашлицата и настинките.

Зелката е драгоцена намирница која содржи тартонска киселина, која го успорува претворањето на шеќерите и останатите јаглени хидрати во масти. Тоа ја прави зелката пожелна на листата на намирници за намалување на телесната тежина.

зелка

Било да е слатка, односно свежа зелка или кисела (расол), во секој случај е значаен лек против хроничен затвор – запек. А квалитетен расол е исто така одличен лек против мамурлук.

Зелката има мала енергетска вредност и тоа само 25 калории на 100 грама. Богата е со хранливи материи и биолошки вредни материи како што се хидросолубилните витамини (витамините растворливи во вода – А, Д, Е, К), при што со 100 гр изедена зелка вие добивате 50 мг витамин Ц што е еднакво на дневните потреби за тој витамин. Зелката содржи калциум и одреден процент на железо, а хлорофилот во нејзиниот состав кој е познат како растителен хемоглобин е корисен при повеќе заболувања, вклучително и анемија.

Единствено не се препорачува зелката да ја користат луѓе кои патат од заболувања на желудникот и цревата.

Кога не постојат здравствени пречки и контраиндикации, зелката е препорачлива за секојдневна исхрана и кога редовно се зема делува како лаксатив и придонесува за регулирање на варењето на храната.

Сподели: