Зелник со компири и праз 1

Зелник со компири и праз

Традиционалната кујна изобилува со убави вкусови, па да направиме нешто примамливо деновиве! За појадок направете си зелник со компири и праз, кој е по предлог на Катерина и знаеме дека е добар. Фотографијата кажува доволно, нели?!

Може да ве интересира: Домашен зелник со тиква.

Зелник со компири и праз 2

Состојки:

За тесто:

  • 700 гр брашно
  • 1/8 свеж квасец
  • 1/2 филџан (од 120 мл) масло
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • околу 300-350 мл топла вода

За фил:

  • 1 страк праз
  • 2 компири со средна големина
  • 1 сува пиперка
  • сол, масло и вода по потреба.

Подготовка:

  1. Од состојките за тесто замесете средно меко нелепливо тесто.
  2. Поделете го тестото на 9 топчиња. Притоа, 8 топчиња треба да бидат со приближнобеднаква големина, а едното топче треба да е малку поголемо. Потоа, топчињата од тесто оставете ги да отстојат околу 20 минути.
  3. Во меѓувреме празот исечкајте го на поситно, а компирите изрендајте ги и ставете ги во тава со малку масло.
  4. Додајте ја и сувата пиперка исечена на парчиња.
  5. Откако ќе се запржат налејте малку вода, посолете и оставете да се пржи додека празот омекне.
  6. Откако ќе отстојат топчињата тесто, најпрво расукајте тенка кора од поголемото топче тесто.
  7. Расуканата кора ставете ја во плех премачкан со масло. Краевите на кората нека бидат надвор од плехот.
  8. Потоа, расукајте ги во тенки кори и другите топчиња.
  9. Секоја кора попрскајте ја со масло и нанесете од филот од праз, компири и сува пиперка.
  10. Малку наберете ја како на сликата и нанесете ја во плехот врз големата кора.
  11. Секоја наредна кора спремајте ја на ист начин и кружно редете ја во плехот.
  12. На крај, преклопете ги корите во плехот со краевите од големата кора, попрскајте го зелникот со масло и печете на 200 степени, или додека убаво порумени.
  13. Испечениот зелник попрскајте го со вода и вратете во рерна уште некој минутка да се впие водата. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Зелник со праз и тиквички.

Сподели: