Зимска декоративна салфетка за свечености

Збогатете ги вашите единствени и неповторливи моменти, фамилијарните свечености – свадби, крштевки и разни прослави со специјално припремена декоративна салфетка за свечености како дел од пречекот на секој гостин во зимските денови!

Вкусната трпеза ќе биде уште повеќе обожавана и за восхит кога ќе ја надополните со неколку мали украсни детали. Сите тие вкусни солени и слатки специјалитети ќе се истакнат како момент на дегустативно уживање, а елеганцијата со која ќе плени трпезата ќе создаде моменти кои со денови ќе ги споменувате вие и вашите драги гости.

Вака направената декоративна салфетка за свечености може да ја користите за секој убав повод, а за да ја направите ќе ви биде потребна платнена свиленкаста салфетка, пегла за алишта и уште неколку декоративни елементи дополнително. Воопшто не е сложено да се изведе, колку што е специфично да се опише. Затоа, за да може најлесно да ја направите оваа свечена декорација за трпеза, ви препорачуваме внимателно да го погледнете краткото видео во кое се објаснети сите чекори детално. Сигурно нема да имате проблем да направите декоративна салфетка за свечености кои ги има многу во зимскиот период, а резултатот е фантастично добар и не постои таков гостин кој нема да ужива во припремената глетка!

Ви предлагаме да погледнете и други зимски декорации кои можеби ќе ви се допаднат, изборот е голем и има за разни вкусови. Кликнете тука за да погледнете повеќе од 10 декоративни салфетки за трпеза.

Сподели: