Зимски водич за здраво и мазно лице 1

Зимски водич за здраво и мазно лице

Сакате да заблескате оваа сезона и да имате здраво и мазно лице? На вистинското место сте! Тука сме да ги споделиме најдобрите совети за да имате мазна и чиста кожа на лицето за ладните денови.

Зимското време не влијае погодно на кожата. Ова е посебно забележливо во земјите каде што зимите се суви, па поради тоа влијанието врз кожата е поголемо и знаците на стареење се забрзани. Како резултат на тоа, поради загубата на влажноста на кожата и нејзината сезонска дехидрираност, линиите на лицето стануваат повпечатливи. Има неколку работи што можеме да ги направиме за да ја заштитиме нашата кожа за време на зимските месеци.

Зимски водич за здраво и мазно лице 2

Важни совети кои ги издвоивме како зимскиот водич за здраво и мазно лице

Пијте доволно вода за да ја хидрирате кожата одвнатре

Хидратацијата во лето е прилично очекувана постапка, но како што заладува, консумирањето на дневната доза вода не секогаш е врвен приоритет , а треба да биде. Носете шише со вода секогаш кога излегувате. Ако не можете да пиете многу вода, препорачуваме да пиете топол чај.  Топлиот чај е, исто така одличен за хидратација , погоден за пиење и делотворен кога е многу студено. Како и да е, не дозволувајте кожата да остане жедна.

Негувајте ја кожата со пилинг

Во зима е препорачливо е повремено да се користи благо триење на кожата за да се отстранат вишокот мртви клетки. Всушност, употребата на пилингот е понеопходна во зима во споредба со летото. Додатете го овој ритуал во секојдневната рутина на чистење и до трипати неделно. Не само што ќе се чувствувате свежо, вашата кожа ќе биде ослободена од старите мртви клетки. По направениот нежен пилинг, кожата е спремни за хидратација.

Нанесувајте крем со заштите фактор од сонцето

И покрај редовната нега, зимското сонце во комбинација со отсјајот од снегот, сепак може да ја оштетат кожата. За да се заштитите што повеќе, 30-тина минути пред да излезете од дома, на лицето и рацете како најизложени на сонцето, нанесете заштитен крем од сонце со заштитен фактор 15 или повеќе. Обично овој фактор е обележан со ознаката SPF на паковањето. Ако останувате надвор подолго време, нанесувајте повеќе пати и почесто.

Ви препорачуваме да прочитате: За дамите над 40 години: ефикасни совети за убаво лице.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: