Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита.

Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита

Главната состојка за припрема на здравото златно млеко е куркумата, растение од фамилијата на ѓумбир, кое расте на подрачјето на јужна Азија и кое што се често се користи во исхраната на тамошните жители.

Куркумата содржи активни состојки кои имаат повеќе од 150 терапевтски дејства во организмот, меѓу кои: таа е аналгетик, антисептик, го зајакнува имунитетот, ги елиминира токсините, го регулира  метаболизмот, ја контролира телесната тежина, ја подобрува меморијата, ги намалува триглицеридите, го урамнотежува крвниот притисок. Најголема вредност од својствата кои ги поседува куркумата имаат антиканцерогените својства.

Куркумата во прав е достапна преку целата година, а може лесно да ја препознаете бидејќи наликува на кари. Препорачаните дневни дози за возрасни изнесуваат од 1 до 3 грама куркума.

Златно млеко за одлично здравје и антиканцерогена заштита

Овој природен еликсир содржи куркума и други корисни состојки за организмот, па за да го направите корисното и здраво златно млеко потребно е да го следите нашиот рецепт.

Состојки:

  • 2 мали лажички куркума (1 до 3 грама)
  • 2 чаши млеко
  • 6 зрнца црн пипер
  • 3 лажици мед (по вкус)

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ги млекото, куркумата, толчениот црн пипер и измешајте.
  2. Оставете да се варат на тивок оган за време од околу 5 минути.
  3. Кога млекото ќе се излади, процедете го и додадете го медот. Млекото консумирајте го додека е свежо.

На здравје!

Сподели: