Зошто е добар лебот без брашно 1

Зошто е добар лебот без брашно?

Лебовите кои се прават без брашно се малку различни од останатите, а со себе носат голем број лековити и профилактички својства. Лебот без брашно има одлична способност за чистење на организмот и негово одржување во здрава состојба!

Препорачливи се како дел од разни режими на исхрана, па во оваа прилика споделуваме неколку информации во врска со тоа.

Зошто е добар лебот без брашно 2

Како е можно да се направи леб без брашно? 

За нашите простори сеуште е прилично нова тема. Ваквиот леб се прави директно од целото зрно на пченицата, односно од изртени зрна. Во текот на одгледувањето зрното почнува да содржи пестициди и други материи, затоа истото се третира со вртење низ топла вода за време од 10-15 часа, со што се екстрахираат сите пестициди и за тоа време зрното се чисти. При тоа почнува процес на ртење, што го прави одлично за нашиот организам. Процесот на ртење помага за постигнување на метаболна рамнотежа во телото и намалување на фитинската киселина. Намалувањето на нејзината количина, помага за подобро искористување на минералите и за подобра функција на ензимите за варење. Важно е да се спомене дека, кога зрното рти го троши скробот и глутенот од својот состав како храна за себе. Така, иако го има, глутенот е во многу помала количина. Затоа, овој леб може да го консумираат и оние кои имаат одреден степен на интолеранција (но сепак не се препорачува за лицата кои патат од целијакија и тоа не смее да го занемарат оние кои ја имаат). Основата на ваквиот леб е цело зрно полно со растителни влакна, а сите додадоци како што се разните семиња обезбедуваат дополнителна вредност на лебот. Богатството од растителни влакна овозможува да се чувствувате сити со само 2-3 лепчиња за оброк и да ја задоволите приближно половина дневната потреба за растителни влакна.

Дали лебот од изртени пченични зрна е погоден за децата?

Вака произведениот леб без брашно има големо позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Она што сите сакаме да знаеме е дали се препорачува за најмладите. Токму затоа, на оваа тема се направени повеќе истражувања и од добиените резултати, во Русија веќе со закон е предвидено, најмалку два пати неделно  да им се дава на децата во установите од училишна и предучилишна возраст.

За кого најмногу се препорачува?

Општо земено, лебот направен од изртени пченични зрна е погоден  за секојдневна употреба на пошироката популација.

Неговиот состав е богатство од хранливи состојки и помошник за чистење на дигестивниот систем и целиот организам од токсините. Чистењето на токсините помага за да имаме почиста кожа без мозолчиња. Исто така, отстранувањето на токсините овозможува полесно да се топат масните наслаги, а со тоа да се намали и целулитот на женското тело. Овој леб е погоден за диететски и рестриктивни режими на исхрана, затоа што го нормализира метаболизмот.

Препорачлив е за сите кои страдаат од атеросклероза и исхемична срцева болест, висок крвен притисок, дебелина, дијабетес  и болести на цревниот тракт. Посебно е значаен придонесот за зачувување на здравјето на дебелото црево, бидејќи високата содржина на растителни влакна помага за побрзо и навремено празнење на цревата.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 совети за секогаш да имате свеж леб.

Сподели: