Зошто е добро да се пие чај од анасон?

Анасонот се користел во традиционалната медицина уште во Индија, Кина и на Блискиот Исток, а денес неговата употреба е проширена низ целиот свет. Старогрчките лекари препорачувале чај од анасон на доилките со цел да имаат повеќе млеко. Важноста на ова чудесно семе е добро познато уште од античките времиња. Но, за жал ние денес малку го имаме подзаборавено, па затоа вреди да се прочита во продолжение колку е чудотворен чајот од анасон. 

Анасонот е ароматично растение кое се користи за лековити и за кулинарски цели. Тој потекнува од Медитеранот, но денес неговата употреба е проширена насекаде на светот. Чајот од анасон се подготвува многу едноставно, со варење на семето во вода, а неговите здравствени придобивки не се ни малку за потценување. Анасонот е богат е со витамини (А, Ц и Д, Б-комплекс), антиоксиданси, аминокиселини и многу други хранливи материи.

чај од анасон

Чајот од анасон помага при гастроинтестинални проблеми и го подобрува варењето

Чајот од анасон ја поттикнува циркулацијата на крвта во дигестивниот тракт и благопријатно влијае врз целокупниот процес на дигестија на храната. Тој, исто така, помага во ублажувањето на непријатното чувство на надуеност. Бидејќи е добар извор на растителни влакна, ја помага и перисталтиката на цревата.

Чај од анасон за ублажување на тегобите предизвикани од респираторни заболувања

Една стара египетска студија наведува дека анасонот со векови се користел за лекување на респираторните нарушувања. Чајот од анасон помага да се ублажат спазмите во респираторниот систем и ги чисти бронхиите. Една португалска студија го препорачува овој чај за третман на респираторните состојби како бронхитис и хронична кашлица. Освен анасонот, и кимот е сојузник на организмот при настинки. Во сезоната на намален имунитет и грип, направете го овој лековит чај од ким како ефикасен лек против настинка и кашлица.

Го подобрува здравјето на срцето

Бидејќи анасонот е одличен извор на растителни влакна, тој ја спречува реапсорпцијата на холестеролот и со тоа помага во заштитата од срцеви заболувања. Анасонот, исто така, содржи калиум кој помага во контролата на високиот крвен притисок.

Го зајакнува имуниот систем

Анасонот е одличен извор на витамин Ц, кој е моќен антиоксиданс и го зајакнува имунитетот. Содржи и селен, кој го стимулира производството на Т-клетките, кои се активни учесници во имуниот одговор. Поседува и антимикробни својства, кои дополнително помагаат во подобрувањето на имунитетот.

Помага во воспоставување на хормонален баланс

Анасонот содржи фитоестрогени, кои според една италијанска студија, помагаат во воспоставувањето на хормонална рамнотежа. Во една друга американска студија, се покажало дека анасонот помага во ублажување на симптомите на ПЦОС (синдром на полицистични јајници).

Ги ублажува симптомите на артритис

Во една студија, спроведена во Мумбаи, се докажало дека анасонот може да се користи како суплемент во лекувањето на артритисот. Во една друга пак, со една иранска студија се утврдило дека анасонот има одлични својства и против остеопорозата.

Чајот од анасон помага е корисен при менструални тегоби

Некои студии укажуваат на ефикасноста на анасонот во лекувањето на болните менструални грчеви. Во една иранска студија спроведена во 2002 година, се докажало дека девојчињата од едно средно училиште кои страдале од менструална болка имале значително подобрување откако консумирале чај од анасон во споредба со оние кои не го користеле.

Ви препорачуваме да прочитате: Ким – зачин и лек за здравствени проблеми.

Сподели: