артритис исхрана

Идеална исхрана против ревматоиден артритис

Ревматоидниот артритис е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите.

Повеќе луѓе кои што страдаат од артритис започнуваат со алтернативни третмани, меѓу кои е и промена во начинот на исхрана. Храната која го намалува воспалението може да ви помогне за намалување на болката и подобрување на функцијата на зглобовите. Истражувањата покажуваат дека оптималната исхрана за лицата кои страдаат од оваа болест вклучува изобилство на зеленчук, интегрална храна и растителни влакна. Намалувањето или елиминирањето на внесот на производи од животинско потекло, рафинирани јагленихидрати, заситени масти и тутун ги намалува симптомите од болеста.

Консумирајте омега 3 масни киселини

Некои анти-инфламаторни храни се богати со омега 3 масни киселини. Затоа редовно консумирајте риби како што се скуша, харинга, лосос или туна. Доколку рибата не е ваша омилена храна, обидете се да јадете повеќе ореви или бадеми. Покрај тоа можете да додадете ленено семе во житарките за појадок, јогурт или во домашни печива. Чија семето е исто така е богато со омега 3 масни киселини.

артритис исхрана

Јадете храна богата со антиоксиданси и растителни влакна

Антиоксидансите кои што ги уништуваат слободните радикали, може да ви помогнат за намалување на воспалението. Истражувањата покажале дека исхраната богата со антиоксиданси може да ја намали болката и воспалението на зглобовите при ревматоиден артритис. Значајни антиоксиданси се витамините А, Ц и Е, како и минералот селен. За да ги внесете во вашиот организам се препорачува да јадете повеќе свеж зеленчук и овошје, јаткасти плодови и да пиете зелен чај.

Истражувањата покажале дека храната која е богата со растителни влакна може да ја намали количината на С реактивниот протеин (CRP) во крвта. CRP е показател кој укажува на воспаленија во телото. Затоа во вашата исхрана вклучете повеќе зеленчук и овошје, житарици од цело зрно, грав и јаткасти плодови.

Не ги заборавајте флавоноидите!

Флавонодите се состојки кои што се наоѓаат во храната од растително потекло. Тие може да го намалат воспалението и болката на зглобовите при ревматоиден артритис. Храна која што е богата со флавоноиди се јагодесто овошје, зелен чај, грозје, брокула и соја. Чоколадото е исто така богато со флавоноиди, а се препорачува да се консумира темно чоколадо, кое што има висок процент на какао и мала количина на шеќер.

Зачинете ги јадењата

Одредени зачини го намалуваат воспалението во телото. Вашите јадења зачинете ги со куркума и ѓумбир кои имаат анти-воспалителни карактеристики. Капсацинот кој се наоѓа во лутите пиперки, може да го намали воспалението. Согласно со Националниот Институт за Здравство, за капсаицинот е познато дека ефикасно ја намалува болката.

Сподели: