Како да изберете безбедно и квалитетно месо

Како да изберете безбедно и квалитетно месо

Ако сакате да имате квалитетен и здрав оброк освен што треба да биде вкусен, многу е важно да изберете добро и квалитетно месо за кое ќе бидете сигурни дека е безбедно за употреба. Има неколку совети кои е добро да ги применувате, па погледнете кои се тие.

Која боја укажува на квалитетно месо?

Свежото месо можете да го препознаете по тоа што има црвено розевкаста или црвена боја, а темните или сивите нијанси укажуваат дека месото стоело подолго во продавницата. Единствена боја која со поприлично голема сигурност ќе ви каже дека месото е неисправно е зелената боја. Бели и суви траги на одмрзнато месо се последица на процесот на замрзнување и таквото месо е сигурно за употреба, единствено што зафатените делови ќе имаат послабо изразен вкус по термичката обработка, па по желба може те и да ги отстраните.

Бојата исто така, може да варира зависно од староста и полот на животното, па дури и од неговата исхрана и телесна активност. Месото е намирница која е многу подложна на расипување, па познато е дека при работа со месо е потребна посебна внимателност, како при чувањето, така и при припремата. Но, внимание треба да се посвети и претходно уште при првиот чекор во креирањето на вкусните специјалитети кога се прави изборот за квалитетно месо.

Како да знаете да препознаете мирис и текстура на месото?

Освен бојатата треба ги процените и мирисот и текстурата на месото. Слузаво и лепливо месо кое мириса на сулфур или сирење веќе почнало да гние и ниту еден начин на термичка обработка не може да помогне да биде сигурно за консумација.

Како да изберете безбедно и квалитетно месо

Пронајдете месарница која има своја кланица и набавува од домашни производители

Месарот кој доаѓа во допир со цело животно, наместо да купува парчиња или половинки, знае од каде доаѓа месото. Месарниците кои сами ги колат животните имаат повеќе работа од оние кои набавуваат веќе заклани животни, а ако некој веќе го вложил тој напор, тогаш доста поголема е можноста дека и останатиот дел од работата го завршуваат покомпетентно и подобро. Доколку месарот добро го користи секој дел од месото од сланина, па до печено месо или колбаси, тоа укажува дека знае што прави и се грижи за тоа што го работи и продава.

Квалитетното месо е добро изладено месо

Еден од најважните фактори за испоравноста на месото е ниската температура на складирање, затоа во ниедна прилика кога месото стоело на топло на допир не купувајте го. Од оваа причина се препорачува месото да го купувате при крај на пазарењето и директно да го однесете дома во фрижидер со цел да помине што помлаку време на високи температури.

Кога бирате смрзнато месо внимавајте производот да е целосно замрзнат и во пакувањето да нема замрзната течност, ниту поголеми кристали мраз, бидејќи тоа може да укажува на лоша регулација на температурата при транспортот или складирањето. Било да е свежо или замрзнато месо, амбалажата не смее да биде оштетена и на тоа треба посебно да внимавате заради бактериолошка исправност.

Купете месо кое е правилно обесено

Иако може да звучи чудно, станува збор за мошне важна работа. Имено, ако говедското месо не е ставено на сушење две недели после колењето, месото ќе биде претврдо. Ако било влажно и не било обесено, непотребната влага немала можност да испари. Правилно исушено месо губи 15 до 20% од својата тежина за време на сушењето во обесена поиложба, што допринесува да се концентрира вкусот на месото и да биде убаво изразен. Тоа е една од причините што сушеното месо е поскапо, но затоа се исплаќа.

Искуството на месарите е важно

Кога купувате месо добро е при разговорот месарот да знае и да сака да подели информации со вас. Тој може да ви објасни подетално кое парче месо за каков специјалитет може да го користите, а исто така може да ви предложи нов начин или рецепт за негова подготовка.

Сподели: