Индиски ореви - кремасти јатки кои го ни го чуваат здравјето 1

Индиски ореви – кремасти јатки кои го ни го чуваат здравјето

Индиските ореви не се само убава храна, туку се хранлива и здрава намирница. Ако се консумираат редовно во умерени количини телото може да ги искористи нивните придобивки и да го унапреди своето здравје.

Поради својот нежен вкус, индиските ореви се омилена грицка на многумина. Може да се купат насекаде, во секое време од годината. Освен што се користат како закуска, тие често се составен дел од салати, слатки, разни намази и јадења со зеленчук.  Од индиските ореви се прави одлилен путер со деликатесен вкус.

Тие всушност не се јаткасти плодови, туку семки на „cashew“ јаболката, а сепак во народот се познати како јаткасти плодови. Индискиот орев (Anacardium occidentale) е мало зимзелено дрво со висина до најмногу 12 метри, а потекнува од Бразил. Денес, индискиот орев се одгледува во многу топлите краеви од светот. Плодот на „cashew“ јаболката е посебно популарен во Бразил и на Карипските острови, каде се смета за вистински деликатес. Така, за разлика од плодот, семето – индиските ореви, е познати низ целиот свет по своите хранливи својства и вкус.

Индиски ореви - кремасти јатки кои го ни го чуваат здравјето 2

Индиските ореви влијаат благотворно на нашето здравје

Го чуваат кардиоваскуларниот систем. Тие содржат помалку масти од останатите јаткасти плодови, па се препорачуваат и при слабеење. 2/3 од мастите во нивниот  состав се незаситени, а од нив 75% и припаѓаат на олеинската киселина која го чува здравјето на срцето.

Позитивно влијае врз дијабетесот. Незаситените масти поволно влијаат и за снижување на нивото на триглицериди и штитат од компликации при покачени крвен шеќер и холестерол. Исто така, редовното консумирање на индиски ореви значајно го намалува ризикот од дијабетес тип 2.

Индиските ореви се богати со антиоксиданси. Тие го штитат организмот од дејството на слободните радикали. Тоа се молекули кои имаат неспарени електрони и затоа се исклучително реактивни. Денес, тие се сметаат за причинители на многу заболувања.

Богати се со бакар. Овој елемент учествува во низа физиолошки процеси, вклучувајќи ја апсорпцијата на железото, борбата со слободните радикали, развојот на коските и сврзните ткива, производството на меланинот, кој ни ја дава бојата на кожата.

Индиските ореви имаат висока количина на магнезиум. Тој е неопходен за метаболизмот, за формирањето на коските, важен е за протеините, масните киселини, згрутчувањето на крвта, опуштањето на мускулите. Редовниот внес на магнезиум заштитува од висок крвен притисок, грчеви во мускулите и хроничен умор.

Слабеење. Здравиот начин на исхрана и тоа како е соодветен за нив. Индиските ореви не содржат холестерол, богати се со растителни влакна, како и даваат многу енергија и ситост.

Превенција од жолчни камења. Редовното консумирање на индиски ореви значително го намалува ризикот од нивно појавување.

Здрави заби и усна шуплина. Индиските ореви го чуваат здравјето на забите и непцата. Тие ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат кариес и болест на непцата.

Ви препорачуваме да прочитате:Јаткасти плодови – корисна храна за цел организам.

Сподели: