интегрална варена пченица 1

4 причини зошто да консумирате интегрална варена пченица

Доколку е обработена на соодветен начин, пченицата како најважна и најчесто користена житарица на светот, не треба да изостанува од нашето мени. Со исклучок на оние кои имаат проблем со интолеранција на глутен, сите останати можеме да уживаме во бенефитите кои ни ги нуди корисната интегрална варена пченица.

Зошто е добро да консумирате интегрална варена пченица?

Содржи значајни хранливи материи кои ги има само зрното на оваа житарка. За разлика од варената, на сите други начини подготвената пченица губи значаен дел од корисните состојки. Токму заради тоа и преовладува трендот да се избегнува пченицата во исхраната, се мисли на белото брашно и производите од него.

Белото пченично брашно има минимална корист за здравјето, бидејќи со преработката се губат повеќе од  50% од хранливата вредност. Тоа е сиромашно со витамини Б, витаминот Е, фолна киселина, фосфор, цинк, растителни влакна, железо и слично.

Наспроти тоа, интегралното пченично брашно ги содржи овие погоре набројаните витамини и минерали. Затоа се препорачува и да се консумираат интегрални тестенини, наместо бели.  Прочитајте зошто пченицата се смета за една од најздравите намирници во светот.

интегрална варена пченица 2

Зошто е корисна интегралната пченица?

Варената интегрална пченица е исклучителен извор на хранливи состојки, а посебно растителни влакна и минерали. Таа обезбедува оптимална количина на корисни материи за човечкиот организам и воопшто за здравјето.  Во една шолја варена пченица има 151 калорија и 8.2 грама растителни влакна, 58 милиграми магнезиум, 11.1 грама манган, 0.09 триптофан.

4 причини зошто да јадете варена пченица:

  • Помага во превенција на рак. Варената пченица содржи лигнани, тоа се фитонутриенти кои имаат антиканцерогено дејство, а научните истражувања покажале дека тие се многу важни за превенцијата од рак на дојките. Една студија покажала дека мали дози на интегрални пченични никулци дневно, помагаат за намалување на концентрацијата на жолчните киселини и бактериите во столица, за кои се смета дека можат да бидат предизвикувачи на карцином на дебелото црево.
  • Помага во регулација на телесната тежина. Употребата на интегрална варена пченица може да помогне во регулирањето и одржувањето и регулирањето на телесната тежина. Таа спречува појава на метаболичкиот синдром на таложење на масти во пределот на стомакот. Истовремено пружа оптимална одржување на нивото на холестерол, триглицериди и нормален крвен притисок.
  • Делува како природен лаксатив. Бидејќи интегралната пченица е богата со голема количина на растителни влакна, а посебно ако станува збор за трици тоа е уште поизразено, претставува одличен лаксатив. Исто така е богата со фосфор и Б витамини, кои помагаат за подобро варење.
  • Корисна е за лекување на хронични воспаленија. Варената пченица изобилува со бетаин, кој има важна улога во ублажувањето на хроничните воспалителни процеси.

Ви препорачуваме да прочитате: Пченица – една од основните намирници на нашата планета.

Сподели: