Интегрални американски палачинки со банана

Обожавате ли американски палачинки? Време е да го пробате овој нов рецепт за интегрални американски палачинки со банана.

Подготовката на овие палачинки е многу едноставна. Потребни ви се состојки кои секојдневно ги користите во кујната, како интегрално брашно, јајца, банана, млеко и кисело млеко. А за подобрување на вкусот, додадовме малку цимет, ванила и кафеав шеќер.

интегрални американски палачинки

Пред да започнете со подготовка, би сакале да ви дадеме некои насоки за да добиете најдобар резултат. Прво, не го избегнувајте кафеавиот шеќер. Тој ќе го подобри вкусот, а количината која се додава е многу мала. Второ, користете зрела банана. Потребна ќе ви биде една банана, а може да искористите и друга за сервирање. Трето, не претерувајте со мешање на смесата за палачинки. Доколку многу ја мешате ќе добите тврди и цврсти палачинки. И не заборавајте дека тавата во која ќе ги печете палачинките ќе треба да биде убаво загреана.

Состојки:

  • 1 и 1/3 (167 грама) чаша интегрално брашно
  • прстофат сол
  • 2 мали лажички прашок за печиво
  • 1 мала лажичка цимет
  • 1 големо јајца (или 2 белки)
  • 1 чаша млеко
  • ½ чаша пасирана зрела банана (1 голема)
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • ¼ чаша кисело млеко
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • ½ чаша чоколаден чипс или овошје, по желба.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги брашното, солта, прашокот за печиво и циметот. Измешајте ги со лажица.
  2. Во друг сад, со помош на жица за матење, изматете ги јајцата, млекото и бананата. Додајте ги кафеавиот шеќер и киселото млеко. Добро измешајте и додајте ја ванилата.
  3. Потоа, течните состојки додајте ги во садот со брашното. Измешајте кратко додека се добие хомогена смеса.
  4. На шпоретот, на умерена температура ставете тава за палачинки да се загрева. Намрсете ја, а штом се загрее ставете ¼ чаша од смесата. Штом забележите дека краевите се печени и започнале да се формираат меурчиња во средината, превртете ја палачинката и продолжете со печењето уште 2 минути. Намрсете ја тавата и повторете ја постапката додека го потрошите тестото. Печените палачинки послужете ги веднаш. А доколку ви останат може да ги замрзнете и да ги употребите во рок од два месеци. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за највкусните американски палачинки.

Сподели: