намаз од сирење и печурки

Ирски намаз од сирење и печурки

Намазите се наша слаба страна, а кога се послужени со парчиња топол леб, ретко кога кажуваме не. Така, секоја идеја е секогаш добредојдена. Овој пат, на предлог на Диана, го објавуваме рецептот за ирскиот намаз од сирење и печурки.

Потребно е кратко време за подготовка, а резултатот може да го видите на фотографиите. Го препорачуваме за сите, но бидејќи се прави со козјо сирење е погоден и за децата.

намаз од сирење

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • 1 главица кромид, ситно сечкан
  • 1 чешне ситно сечкан лук
  • 175 грама ситно сечкани печурки
  • 225 грама меко козјо сирење или микс од сирења
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос
  • сол и мелен црн пипер.

Подготовка:

  1. Во тава на оган се става маслото да се загрее. Во загреаното масло се ставаат лукот и кромидот да се запржат за време од 2 минути, додека омекнат.
  2. Во запржените зеленчуци се додаваат печурките и се пржат за време од 3 до 4 минути, додека омекнат и течноста која ја пуштиле испарила од тавата.
  3. Тавата се трга од огнот и се додава смесата од меките сирења, сенфот, магдоносот и пресно мелениот црн пипер. Се меша околу минута до две за да почнат да се топат сирењата. Доколку е потребно, тавата повторно се враќа на оган, но да не се претопли намазот.
  4. Готовата смеса се става во правоаголен калап кој може да се обложи со најлонска фолија. Се остава да се излади. Потоа калапот се витка со најлонска фолија и се става во фрижидер најмалку 2 часа или преку ноќ, за да се стегне. По желба, пред служење намазот може да се полие со ароматизирано масло.
  5. Предлог за сервирање: бадеми, сирење и печен леб.

Ви предлагаме да прочитате: 5 здрави и испробани рецепти за посни намази.

Сподели: