Исечете дома спирала од компири.

Исечете дома спирала од компири

Нели е интересно да се јаде спирален помфрит? А, ако мислите дека е тешко, ве уверуваме дека воопшто не е, а ако го отворите краткото видео ви гарантираме дека и вие дома ќе си направите совршена спирала од компири.

За да направите спирала од компири следете ги овие чекори:

  1. Изберете суров компир со рамна површина и добро измијте го.
  2. За држач земете метално/дрвено стапче (како за ражничи) и забодете го компирот во средишниот дел.
  3. Со нож почнете да го сечете, при тоа постојано вртејќи го компирот како што е прикажано на видеото.
  4. Штом сте го исекле до крај, истегнете го компирот по должината на стапчето за да се формира спиралата.
  5. Спирално исечениот компир се пржи во загреано масло, додека постигне убава боја. Пржените компири, извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. Послужете ги додека се топли во комбинација со тартар сос или зазики сос.

Пријатен апетит!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за посни топчиња од компири.

Сподели: