срцев удар исхрана

Исхрана за превенција на срцев удар

Кардиоваскуларните болести сеуште се водечка причина за смрт во светот. Коронарните заболувања може да предизвикаат срцев удар, кој за жал понекогаш завршува и со смртен исход или со видливо намалување на квалитетот на животот.

Исхрана за намалување на ризикот од појава на срцев удар

Со правилна исхрана може да се намали нивото на штетниот холестерол и да се зголеми нивото на добриот холестерол во крвта, да се намали и нивото на триглицеридите, со што може да се заштитат крвните садови од атеросклероза, а срце од срцев удар. Ние ви нудиме неколку совети во врска со исхраната кои може да ви помогнат да превенирате срцев удар.

срцев удар исхрана
  1. Избегнувајте храна богата со холестерол и заситени масни киселини како црвено месо, полномасни млечни производи и жолчка од јајце.
  2. Јадете повеќе овошје и зеленчук. Жените кои консумираат по 5-10 порции зеленчук и овошје на ден, имаат 3 пати помал ризик за развој на коронарна артериска болест.
  3. Консумирајте поголеми количини на храна богата со каротеноиди. Една студија покажала дека консумација на овошје и зеленчук богати со каротеноиди, ја намалува концентрацијата на C-реактивниот протеин во крвната плазма (овој протеин е поврзан со воспалителни процеси и со поголем ризик од срцеви болести).
  4. Супстанците кои се наречени флавоноиди исто така се покажале како корисни во превенција на срцеви заболувања. Флавоноидите најмногу ги има во: кељ, брокула, црно грозје, јаболка и житарки.
  5. Јадете повеќе мешунки (леќа, грав, грашок, соја). Една студија во која учевствувале 9000 испитаници покажала дека лицата кои консумираат мешунки 4 пати неделно имаат 22% помал ризик за кардиоваскуларни болести од оние кои консумирале мешунки еднаш неделно или поретко.
  6. Пијте сок од црно грозје. Оваа навика ќе ви помогне да го покачите нивото на добриот холестерол.
  7. Јадете авокадо. Авокадото е богато со корисни масти, а тоа може да ви помогне да го намалите нивото на холестерол во крвта.
  8. Почесто консумирајте јаткасти плодови. Најдобри се оревите, но и другите јаткасти плодови се доста ефикасни за намалување на нивото на серумскиот холестерол.
  9. Почнете да употребувате овес во исхраната. Овесот е богат со растителни влакна и помага за намалување на нивото на лошиот холестерол.
  10. Изберете интегрални житарки, наместо рафинирани, бидејќи интегралните житарки содржат растворливи влакна кои исто така го намалуваат нивото на холестерол.
  11. Користете квалитетни масла. Како што знаете ладно цеденото маслиново масло е едно од најдобрите и содржи голема количина на мононезаситена масна киселина – олеинска масна киселина.
  12. Полномасните млечни производи заменете ги со млечни производи кои содржат помал процент на масти.
  13. Избегнувајте внес на црвено месо, а консумирајте повеќе мешунки и риба.
  14. Пијте вода во доволни количини.

Ви предлагаме да прочитате: 9 намирници за снижување на холестеролот во крвта.

Сподели: