болки во грбот 1

Исхрана при болки во грбот и половината

Болката во грбот или половината е најчеста болка на современиот човек. Таа е последица на лоша положба при спиење, седење, стоење или при нагло движење и подигање товар. Се манифестира како ненадејна, остра, до тапа и константна болка.

Речиси секој човек денеска страда или почувствувал болка во грбот. Покрај советите од лекар, исхраната има значајна улога за одржување на здравјето на грбот и половината, како и намалување на симптомите при заболувања на дискусите и прешлените (Дискус херниа, дископатија).

Храна која се препорачува при болки во грбот и половината

За да се зачува здравјето на коските се препорачува храна богата со калциум како што се:

  • млеко
  • јогурт со мал процент на масти
  • сирење од типот Едам, Чедар и Пармезан
  • бамја, црвен грав, печен грав
  • јаткасти плодови како што се бадем, лешник, орев, семе од сусам и таан паста
  • сардини и лосос
  • смокви и кајсии
  • тофу, соја и јајца
  • глукозамин сулфат.
болки во грбот

Исто така за зајакнување на половината на ниво на клетка се препорачува да се консумира:

  • морски плодови: краби, шкампи, мали ракчиња и школки
  • зелен лиснат зеленчук: спанаќ, аспарагус, блитва
  • црвено овошје и зеленчук: црвени пиперки, цвекло, домати, боровинки и капинки
  • црни маслинки и маслиново масло
  • црвен кромид и јаболка (богати се со состојка наречена кверцетин која има природни антиинфламаторни состојки)
  • ленено и чија семе
  • грав
  • риби: сардини, харинга, лосос и скуша
  • тиква
  • чиста вода: Доколку имате болки во половината важно е да бидете хидрирани, односно да внесуваат доволни количини на вода. Тоа ќе го поттикне процесот на рехидратација и заздравување на дегенерираните дискуси. Во овој период се препорачува да консумирате 8 до 10 чаши на вода во текот на денот.

Храна која треба да се одбегнува при болки во грбот и половината

Одредени намирници кои што содржат нитрати, шеќери и масти можат да го влошат воспалението и да ги засилат болките во грбот и половината. Затоа треба да се обрне внимание на храната која се консумира. Се препорачува минимално да се намали внесот и да се ограничи консумацијата на:

  • преработена храна, која е богата со нитрати (особено преработки од месо, салами, колбаси, виршли и останати сувомеснати производи)
  • храна богата со шеќер, заситени и транс масти
  • храна која содржи фруктозен пченкарен сируп.

Правилниот избор на храна, континуираните вежби одредени од лекар и терапевт, одржувањето на здрава телесна тежина, физичките активности, го намалуваат ризикот од повторување на болките во грбот и половината.

Сподели: