Исчистете ја дома светлата чанта од бојата на фармерките 1

Исчистете ја дома светлата чанта од бојата на фармерките

Скоро и да нема жена која не искусила вакво нешто. Сигурни сме дека ви се случило ова и повеќе пати! Не очајувајте, вашата светла чанта сеуште може да биде „спасена“ од бојата која ја оставиле фармерките или јакната.

Со самото движење на телото и мрдањето на чантата, може да дојде до пренесување на бојата од фармертките врз неа. Сме пробувале таа боја да ја отстраниме со перење со детергенти, триење со сунѓерче и слично, но немало помош.

Исчистете ја дома светлата чанта од бојата на фармерките 2

А, дали сте пробале со алкохол? Знаете ли дека помага?

Не се грижете дека ќе ја оштетите чантата, зашто тоа нема да се случи. Напротив, ќе бидете среќни од резултатот.

Се што треба да направите е да натопите памучна бела крпа и да триете со нежни кружни движења врз обоената површина.  Тријте додека не сте сигурни дека сте ги отстраниле трагите до крај.

Оставете чантата да се исуши и повторно ќе изгледа како кога ја купивте!

Совет плус: Доколку сакате може да пробате да триете и со влажни марамчиња кои содржат алкохол. Тријте на ист начин како и со алкохолот и ефектот ќе биде ист.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни средства за отстранување на мрсни дамки на облеката.

Сподели: