Исчистете ја кујнската даска за сечкање без детергенти

Сигурно и вие секојдневно користите даска за сечкање, но дали знаете како може да ја исчистите без употреба на детергент за садови? Ви претставуваме неколку начини да ја исчистите кујнската даска за сечкање со помош на состојки кои се многу поефикасни, а сигурно ги имате во вашиот дом.

Дезинфицирајте ја кујнската даска за сечкање со киселина

Киселината е одлично средство за дезинфекција, а исто така е многу ефикасна против бактериите како што се Ешерихија коли, салмонела и стафилококи. За да ја исчистите и дезинфицирате даската за сечење, посипете ја со сода бикарбона, а потоа со неразредена алкохолна киселина. Оставете состојките да делуваат пет до десет минути, а потоа даската добро исплакнете ја со ладна вода.

Отстранете ги непријатните мириси со помош на лимон

Одредени производи можат на вашата даска за сечкање да и остават непријатни мириси (лук, пилешко, риба). Лимонот ги елиминира тие мириси, а воедно и ја дезинфицира даската. За да ги отстраните непријатните мириси, истријте ја даската со половина лимон, а потоа исплакнете ја со ладна вода.

даска за сечкање

Темелно исчистете ја кујнската даска за сечкање со сол и сода бикарбона

Од време на време, потребно е кујнската даска темелно да се исчисти. За да ја исчистите темелно, направете паста од една лажичка сол, една лажичка сода бикарбона и малку вода, а потоа добро истријте ја даската. На крај, исплакнете ја со топла вода.

Сподели: