Аперол Шприц

Италијански освежителен коктел Аперол Шприц

Летното време е идеално за освежителни коктели! А што има подобро од добро друштво и ладен коктел во топлите летни денови. Па, драги пријатели при една наша седенка уживавме во фантастичниот Аперол Шприц, а бидејќи им се допадна на нашите гости, рецептот го споделуваме со вас.

Аперол Шприц е коктел кој се прави од просеко вино (бело пенливо вино), италијански ликер Аперол кој има вкус на портокал и газирана вода. Коктелот најчесто се служи со коцки мраз и парче портокал. Многу лесно се прави, а најважно е да го запаметите односот 3:2:1.

аперол

Овој коктел својата популарност ја добил во 1950 година, на инспирација од Венецијанскиот микс од бело вино и газирана вода. Она што е интересно е дека на плоштадот Сан Марко во Венеција со Аперол Шприц наздравиле повеќе од 2600 луѓе. Па, во 2012 година, овој коктел влезе во Гинисовата книга на рекорди за „Најголемо наздравување со Аперол Шприц“.

  • 3 дела (мали чаши за ракија) Просеко вино
  • 2 дела Аперол
  • 1 дел газирана вода
  • 5-6 коцки мраз
  • парчиња портокал.

Подготовка:

  1. Во чаша ставете ги коцките мраз и додајте го пенливото вино.
  2. Потоа во чашата со кружни движења турете Аперол и газирана вода. Притоа секогаш имајте го во предвид односот 3:2:1. Готовиот коктел послужете го веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за совршен Мохито коктел.

Сподели: