Кадаиф со суво овошје

Кадаиф е сладок десерт потурен со шеќерен сируп, а традиционално се припрема во земјите од поранешната отоманска империја.

Постојат голем број на рецепти за подготовка на кадаиф, а ние ви го претставуваме рецептот од нашата кујна за кадаиф со суво овошје. Десертот е посен, се припрема без масло и може да ви се најде за различни свечености во време на пости. Многумина го пробаа овој сочен десерт и го потврдија одличниот вкус, па на вас е ред!

кадаиф со суво овошје

Состојки:

  • едно пакетче кадаиф
  • 100 грама ореви
  • 200 грама кикири
  • 200 грама суви смокви
  • 200 грама суви кајсии
  • 200 грама суво грозје
  • 100 грама суви сливи
  • 4 чаши шеќер
  • 5 чаши вода
  • 1 ќесична ванилин шеќер
  • свеж сок од половина лимон.

Подготовка:

  1. Кајсиите, сливите и смоквите ситно ги сечкаме. Оревите и кикирите ги толчиме на покрупни парчиња.
  2. Во долгунеста тава за печење, со големина број 40, ставаме половина од кадаифот. Над него ги нанесуваме оревите, кикирите, грозјето, смоквите, кајсиите и сувите сливи. Потоа го нанесуваме преостанатиот кадаиф.
  3. Тавата со кадаиф ја ставаме во загреана рерна на 200 степени. Печеме за време од 20 до 25 минути додека кадаифот добие убава румена боја. Кога ќе биде испечен кадаифот, оставаме да се излади.
  4. Во сад на оган ја ставаме водата, ги додаваме шеќерот, ванилиниот шеќер и сокот од лимон. Мешаме со лажица за да се растопи шеќерот. Штом шербетот да зоврие, вариме дополнителни две до три минути, а потоа го тргаме садот од оган. Оставаме 5 минути шербетот да се излади, а потоа со топлиот шербет го полеваме изладениот кадаиф. Приготвениот кадаиф со суво овошје оставете го за време од неколку часа за да се впие шербетот, а потоа послужете го. На здравје!

Сподели: