шеќерот во исхраната 1

Како „безболно“ да го отфрлите шеќерот од исхраната

Ако вашиот прв чекор кон здравата исхрана е одвикнување на шеќерот и слатките, овие трик совети ќе ви помогнат да успеете во тоа што полесно.

Често се зборува дека шеќерот предизвикува зависност бидејќи го подигнува нивото на серотонин во мозокот, така што го подобрува расположението и ја ублажува депресијата. Но, тоа истовремено предизвикува и низа други проблеми, а одвикнувањето од него вклучува депресија, раздразливост, главоболка, немир и нервоза.

За да ви помогнеме да го намалите внесот на шеќер во организмот и успешно да се одрекнете од слаткиот вкус кој толку го обожавате, ви предлагаме неколку совети.

шеќерот во исхраната 2

Преполовете ја количината на шеќер во утринското кафе и напитоците

Ако обично ставате 2 лажички шеќер во кафето, започнете да ставате по 1, а потоа трудете се да стигнете до половина лажиче. За неколку дена ќе се навикнете и ако бидете доволно храбри, наскоро ќе пиете горко кафе!

Заменете ги газираните сокови со природни

Ако сте фан на слатки газирани пијалаци, наместо лименка со омилениот напиток измешајте сок од свежо цеден портокал и минерална вода. Ако ве мрзи да цедите сок, направете го со помош на блендер или соковник или наједноставно купете 100% овошен сок од продавница. Утврдено е дека, скоро 25 % од вкупниот внес на калории припаѓа на засладените сокови.

Мерете ги порциите

Ако обожавате да се засладувате со сладолед, гумени и разни други бонбони, во домашни услови секогаш покрај себе имајте сад за мерење. Во услови кога шетате надвор или сте на гости, не заборавајте дека не смеете да претерувате со количината, па ако пробате едно, задоволете се со тоа, не мора да пробате од сите колачи.

Шеќерот од повеќе причини се нарекува „дрога“, а ако го исфрлите од исхраната ќе доживеете многу промени. Ќе бидете посмирени, помалку раздразливи и без драстични промени на расположението, а со вишок енергија.

Ви препорачуваме да прочитате: Стевиа – безкалорична природна алтернатива за белиот шеќер.

Сподели: