rastitelni proteini 1

Како да внесете доволно растителни протеини?

Лесно, а полесно не може да биде! Нутриционистите препорачуваат дека е пожелно секој оброк да содржи барем 10 грама протеини. Тука ќе пронајдете 7 начини како да внесете растителни протеини  и тоа без месо, јајца и сирење. 

Колку протеини ни се потребни?

Количината на протеините е различна во зависност од возраста, физичкиот напор и слично. Но, нутриционистите препорачуваат дека секој оброк треба да содржи барем 10 грама протеини. Се прашувате зошто? Консумирањето на протеини допринесува за рамнотежа на нивото на шеќер во крвта, а аминокиселините од протеините се важни за правилна функција на нервниот систем. И не само тоа, во мала количина протеините го помагаат варењето на храната. Тие постепено ослободуваат енергија, па така нема за брзо да се чувствувате гладни после јадењето.

Но, штом се споменат протеини, многу луѓе веднаш сметаат дека станува збор за месо. Прекумерната консумација на месо го зголемува ризикот од многу сериозни заболувања. Затоа добро е да ги знаете овие начини на кои може да внесете протеини од здравата храна.

Изедете 2 чаши варен спанаќ

Спанаќот е богат со протеини, железо, магнезиум, хлорофил, витамини од групата Б и растителни влакна. Тоа го прави совршен оброк.

Додајте малку семки во овесниот појадок

Овесот е богат со протеини, но доколку додадете лажичка до две сусамово семе или чија, ќе добиете комплетен појадок.

растителни протеини

Вклучете 1/3 чаша мешункаст зеленчук во оброкот

Леќата, наутот, гравот и другиот мешункаст зеленчук се високо квалитетни извори на протеини. Покрај тоа, богати се со железо, магнезиум, калиум и растителни влакна.

Додајте семиња во салатата и збогатете ја со растителни протеини

Ако во салатата додајте две супени лажици семе, како сусам, тиква, сончоглед или чија, ќе обезбедите 10 грама на протеини.

Додајте путер од кикиритки и зелен лиснат зеленчук во смуди

Ако наутро пиете смуди, во него додајте лажичка путер од кикирики. Тоа ќе му даде густина и ќе го подобри вкусот на смудито, но ќе го збогати со протеини. А ако додадете зелен лиснат зеленчук како кељ, ќе направите права ризница од хранливи состојки. Наместо путер од кикири, може да користите путер од семки од тиква или путер од бадеми.

Комбинирајте зеленчук и печурки

Секој зеленчук содржи протеини, но во мали количини. Ако во јадењето додадете грашок и малку печурки, ќе добиете оброк кој би содржел околу 10 грама на протеини.

Како прилог со зеленчук послужете киноа

Киноата е еден од најкомплетните извори на протеини. Лесно се припрема, а во 2/3 чаша со киноа има повеќе од 10 грама протеини. Покрај тоа, таа е одличен извор на витамините од групата Б и магнезиум.

Ви предлагаме да прочитате: Протеини кои не се месо, има ли доволно растителни извори?

Сподели: