чистење на плочките во бањата

Како да ги исчистите плочките во бањата?

Многу домаќинки се сложуваат дека ништо не може да ја направи бањата неубава, како што се валканите плочки. Сепак, чистењето на плочките во бањата не мора да биде толку заморна работа.

Најмногу нечистотии и мувли се појавуваат меѓу плочките, но тука се и сапуницата и каменецот кои го нарушуваат изгледот на бањата.

Еколошки начин на чистење на плочките

Ако не сакате да користите тешки хемикалии или некој од семејството има алергија, тогаш одлучете се за овој еколошки начин на чистење на плочките. Во еден сад ставете киселина, лимонов сок и додајте малку сода бикарбона. Со оваа течност и сунѓер исчистете ги плочките. Исто така, може прво да направите паста од сода бикарбона и вода која ќе ја нанесете на нечистотиите, а потоа полијте со киселина.

чистење на плочки во бањата

Може да ве интересира: Домашни средства за чистење на бањата и тоалетот.

Хидроген пероксид

Во шише со прскалка ставете хидроген пероксид и додајте вода, така што односот треба да биде 1:1. Испрскајте ги плочките, а потоа нежно изрибајте. При овој начин на чистење, задолжително користете нараквици.

Четка

Во краен случај може да искористите стара четка за заби, посебно на места кои се тешко достапни. Врз четката ставете средство за чистење и добро помините врз нечистотиите.

Водена пареа

Иако е добро често да се проветрува бањата, водената пареа може да ја искористите како одлично средство за чистење. Врз плочките ставете средство за чистење и вклучете ја врелата вода да течи, додека во бањата се создаде пареа. Исклучете ја водата, затворете ја вратата и прозорците и оставете пареата да делува 20 минути. После тоа проветрете и добро исчистете со чиста крпа.

Ви предлагаме да прочитате: 5 домашни средства за совршено чиста бања.

Сподели: