свежи краставици 1

Како да ги чувате краставиците свежи подолго време

Убавите краставици се крцкави и нутритивно богати, па се одлични за свежи салати. Тие се популарен зеленчук кој нема потреба термички да се обработува и оваа особина овозможува да бидат многу често применувани во македонската кујна при подготовка на салати и сендвичи.

Но, еден проблем со кој се соочуваме сите ние е тоа што краставиците брзо ја губат свежината и не траат подолго време. Сигурно сте забележале дека по 3 дена од купувањето, веќе се овенати и омекнати. Но, доколку го примените следниот совет ќе може да уживате во свежината на краставиците значително подолго време. Па, како треба правилно да се чуваат краставиците?

Како прво, никогаш немојте да ги чувате краставиците на шанкот или работната маса. Доматите може да се чуваат на шанкот, но не и краставиците. Доколку ги чувате краставиците на собна температура, тие ќе омекнат за 2 дена, затоа се препорачува да се чуваат во фрижидер. Доколку ги чувате во фрижидер, ќе ја продолжите трајноста на краставиците за неколку дена во споредба со чувањето на собна температура. Но, како и да е тие може да останат свежи максимално до 5 дена, а доколку го применете следниот совет, значително ќе ја продолжите нивната трајност.

свежи краставици

Најчестиот начин на кој повеќето луѓе ги чуваат краставиците во фрижидер е со помош на најлонска кеса. А при овој начин на чување, веќе по 3 дена краставиците ќе започнат да омекнуваат. Друг начин е чувањето на краставиците во фрижидер без ќеса, но и при овој начин тие за брзо започнуваат да омекнуваат, а се губи и нивниот почетен вкус и текстура.

Па, конечно која е тајната за чување на краставици, за да бидат свежи подолго време? За да ги одржите краставиците свежи подолго време ќе ви треба кујнска хартија. Секоја краставица поединечно завиткајте ја во хартијата, а потоа завитканите краставици ставете ги во најлонска ќеса, без притоа да ја затворате истата. Ќесата со краставици ставете ја во фрижидер и уживајте во нивната свежина најмалку една недела.

Сподели: