ѓумбир 1

Како да изберете и чувате ѓумбир?

Ѓумбирот често се користи во индиската и кинеската медицина, а како резултат на неговите превентивни и лековити својства и нутритивниот состав, се повеќе се наоѓа на нашите трпези. Познато е дека ѓумбирот превенира појава на настинки и грип, ја одржува нормалната циркулација на крвта, го подобрува варењето на храната, го зајакнува имунитетот, превенира појава на канцер на дебелото црево и го намалува воспалението и болката.

Благодарение на неговите придобивки врз здравјето, населението повеќе од 2000 години користи ѓумбир во свежа, сушена состојба или како прав, за припрема на чаеви, супи, јадења од зеленчук и ориз, сосови, колачи и лекови од алтернативната медицина.

ѓумбир

Како да изберете свеж ѓумбир?

Најдобро е да се користи во свежа состојба, а за да имате секогаш свеж ѓумбир може да го одгледувате во саксија. Доколку купувате ѓумбир, секогаш изберете корења кои се тешки, дебели, сочни со сивкасто-жолта лушпа. Одбегнувајте да купувате ѓумбир чија кора е овената и има темни дамки по површината.

Како правилно се чува ѓумбирот?

Ѓумбирот може да го користите неколку денови, но доколку сакате да го чувате повеќе време, најпрво завиткајте го во кујнска хартија, а потоа ставете го најлонска кеса. Вака припремениот ѓумбир, чувајте го во ладилник и употребете го во период од 3 недели. Исто така може да го замрзете и да го користите за време од 2 месеци.

Мелениот ѓумбир и ѓумбирот во прав треба да се чуваат во ладилник, во херметички затворен сад.

Сподели: