сечење на авокадо

Како најлесно да исечете и излупите авокадо?

Веќе купивте авокадо и не знаете како најлесно да го исечете и излупите? Ви ги претставуваме најлесните начини за лупење и сечење на авокадо.

Авокадото е овошје кое денес се смета за едно од најхранливите во природата. Потекнува од Средна и Јужна Америка. Почнало да се одгледува 8000 години п.н.е. на тие простори, а отсекогаш се сметало за кралско овошје. Авокадото содржи многу корисни хранливи состојки. Ова овошје е добар извор на витамин К, фолна киселина, растителни влакна и здрави масти. Претходно пишувавме кои се главните 10 причини за да го вклучите авокадото во исхраната, а денес ќе ве запознаеме како може најлесно да исечете и излупите авокадо.

Отстранете ја семката од авокадо на најлесен начин

  1. Земете го авокадото во едната рака или поставете го на даска за сечкање. Со другата рака земете голем остар нож и пресечете го авокадото по половината околу семката. Најдобро е да ги следите инструкциите на видеото од Џејми Оливер.
  2. Отворете ги двете половини.
  3. Семката од авокадото може да ја отстраните на неколку начини. Еден од нив е да користите лажица и да направите мала вдлабнатина околу семката. Друг начин е повторно да ја пресечете половината од авокадото каде што се наоѓа семката, со што ќе може лесно да ја отстраните.
  4. Третиот начин за да ја отстраните семката е многу популарен, но треба многу да внимавате да не се исечете. За поголема безбедност, половината од авокадото каде што се наоѓа семката, завиткајте ја со кујнска крпа. Нежно притиснете со нож по семката, доволно колку да се осигурите дека таа е малку засечена. Внимавајте да не притиснете многу силно со ножот, па тој да помине низ неа. Најдобро е нежно да притиснете неколку пати и секој пат да го зголемувате притисокот, додека се засече семката за да може да се отстрани. Можеби ќе ви треба време и неколку обиди да ја совладате техниката, но не се откажувајте!

Со помош на овие две постапки исечете го авокадото на коцки или парчиња по желба

  1. Штом ја отстранивте семката, сега може авокадото да го издвоите од лушпата со помош на лажица, доколку правите гвакамоле или да го исечете авокадото на парчиња.
  2. За да може најлесно да го исечете, со помош на нож исечете неколку ленти по должината на авокадото со ширина од околу 8 мм. Потоа, пресечете попречно така што ќе добите коцки. Со помош на лажица извадете ги коцките од авокадо.
  3. Ако правите гвакамоле, немојте да се грижите доколку тоа потемни. Измешајте со го останатите состојки и уживајте во вкусот.
  4. Ако сакате да го исечете авокадото на парчиња, со помош на нож исечете тенки долги ленти во внатрешноста. А и да ја исечете кората, не е страшно. Со помош на прстите одвојте ги лентите авокадо од кората.

Ви предлагаме да прочитате: Авокадото во борба со бактериите.

Сподели: