Како да направите домашни корнети за сладолед 1

Како да направите домашни корнети за сладолед?

Ретко кој има пробано, но освен што е интересно и можно е да се направат убави домашни корнети за сладолед! Тестото за корнети за прави многу брзо, а најдобро од се е што можете да си поигрувате со него и да го направите и во некој друг вкус кој вас ви е омилен и е различен од стандардниот.

Па, ако никогаш досега ви немаше паднато на памет да направите домашни корнети, треба да знаете дека може и не треба да пропуштате да го пробате тоа и самите. Еве го основниот рецепт.

Како да направите домашни корнети за сладолед 2

Состојки:

  • 2 јајца
  • 65 гр шеќер
  • 30 гр растопен путер
  • 3 лажички млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 45 гр брашно
  • прстофат сол
  • 3 лажички сончогледово масло.

Подготовка:

  1. Во поголем сад изматете ги јајцата со миксер.
  2. Додајте го путерот, млекото и ванилата.
  3. Постепено додавајте го и брашното, претходно измешано со солта, а мешајте со помош на лажица. Ако тестото ви дојде многу густо, додајте уште малку млеко.
  4. Загрејте мала тава на оган, па лесно премачкајте ја со масло.
  5. Додајте една мала црпалка од смесата во загреаната и намрсена тава и формирајте круг како за палачинка.
  6. Печете додека бојата стане златеста од двете страни. Тргнете го од оган и обликувајте корнет додека е уште топло.
  7. Оставете ги да се изладат и припремете се за сервирање.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 избрани рецепти за домашни сладоледи.

Сподели: