Како да направите кондензирано млеко

Сигурно во некои рецепти кои ви се допаѓаат имате сретнато дека се користи кондензирано млеко. Но, често се случува да не можете да го пронајдете во најблиската продавница, а понекогаш поради високата цена да се откажете од омилениот рецепт. Затоа, денес ви претставуваме брз и едноставен рецепт со кој може да направите кондензирано млеко во вашиот дом.

Кондензираното млеко е производ кој се добива со испарување на водата од млекото и обично е потребно неколку саати даа се направи, а во денешно време ретко кој има можност за такви експерименти. Но, има полесен и поедноставен рецепт со кој може да направите кондензирано млеко за 10 минути, а освен тоа ќе ви ја прикажеме и онаа долга варијанта, па вие одбере на кој начин ќе го направите.

домашно кондензирано млеко

Кондензирано млеко за 10 минути

Состојки:

  • 1 чаша млеко во прав
  • 2/3 чаша шеќер
  • 3 лажици путер, на собна темература
  • малку екстракт од ванила
  • 1/3 чаша врела вода.

Подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте ги додека ја добиете посакуваната густина, околу 1 до 2 минути. Ако млекото ви е премногу густо додајте уште врела вода, па миксирајте уште малку.

Кондензирано млеко со варење

Земете еден литар обично млеко и ставете го на шпорет да се вари во широко тенџере. Млекото нека зоврие на висока температура, а потоа намалете ја на најниска додека количината на млекото двојно се намали. Мешајте додека во млекото се пени, а потоа промешајте со лажица повремено.  Ако сакате засладено кондензирано млеко ставете 1 ќесичка ванилин шеќер и околу 200 грама обичен шеќер.

Кондензираното млеко може да го користите како основа за многу намази и кремови, а може едноставно да го додадете во утринското кафе кое ќе има многу подобар вкус.

Ви предлагаме да прочитате: Баунти штангли – млечни колачи со кокос и кондензирано млеко.

Сподели: