Како да направите крцкав помфрит дома 1

Како да направите крцкав помфрит дома?

Често се случува пржените компирчиња да се претворат во искршени делчиња, а сите посакуваме нивни убав лик во чинијата, па затоа сега и покрај тоа што не ги препорачуваме за секојдневна консумација, ќе ја споделиме тајната за добивање на крцкав помфрит.

Лесно направете крцкав помфрит дома

Компирите се една од најчесто застапените намирници на нашите трпези и тоа во небројно многу облици и начини на подготовка, а штом се спомне помфрит, обично очекуваме тоа да биде многу вкусно и крцкаво во вкусот, а сепак доволно сочно. Бидејќи компирите се многу посакувана намирница и често готвена во голем број домаќинства, погледнете нешто повеќе за нивната здравствена корист тука.

Тајната на крцкавите пржени компирчиња е едноставна и се состои во двојно пржење:

  1. Најпрво добро измијте ги компирите, излупете ги (по желба, а посебно ако се млади може да ја оставите и кората) и исечкајте ги на ленти.
  2. Со помош на кујнска хартија избришете ги и ставете ги во загреано масло на 130 степени. Пржете ги 5 минути, а потоа извадете ги на кујнска хартија.
  3. Во меѓувреме зголемете ја температурата на маслото на околу 170 степени (загрејте ја ринглата на посилно) и ставете ги полупржените компири.
  4. Пржете ги додека добијат убава златножолтеникава боја. Послужете со доматен сос и уживајте во крцкавиот помфрит.

Ви препорачуваме да прочитате како да направите домашно пире без грешка.

Сподели: