маринада за риба

Како да направите маринада за риба?

Сакате да направите маринада за риба, но не знаете рецепт? Рибата која е маринирана има подобар вкус, а месото и е помеко. Притоа се добива потполн и егзотичен вкус во духот на медитеранската кујна.

Маринадата за риба има значајна улога, особено кога рибата се спрема за на скара. Спрема некои истражувања маринирана риба и месо, кои ги приготвуваме на скара, значително се помалку подложни на негативното дејство на жарот, маслото и високата температура. А со тоа, маринадата штити од формирање на канцерогени материи. Затоа, ви предлагаме рецепт за маринада која може да ја користите за речна или морска риба, со што ќе добиете подобар вкус на јадењето.

маринада за риба со маслиново масло

Маринада со маслиново масло и бело вино

Ако сте љубител на медитерански вкусови, оваа маринада со маслиново масло, бело вино и лук е вистинскиот избор.

Состојки:

  • 50 мл маслиново масло
  • 100 мл бело вино
  • сок од половина лимон
  • 3 чешниња лук
  • магдонос.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад измешајте го маслиновото масло, белото вино и лимоновиот сок. Ставете ја рибата и додајте го ситно сечканиот лук и магдоносот.
  2. Садот покријте го со алуминиумска или најлонска фолија и оставете го во фрижидер за време од неколку часа, а може и преку ноќ.

Совет плус: Пожелно е риба да биде целосно покриена, а ако тоа не е можно, по некое време превртете ја од другата страна во маринадата. Маринираната риба се пече на скара или во рерна заедно со маринадата.

Ви предлагаме да прочитате: Совети и потребно време за маринирање на месо.

Сподели: