масло од кантарион

Како да направите масло од кантарион?

Богородичната трева или кантарион, одамна е позната по своите лековити својства, а голема примена има во традиционалната медицина и фармацевтската индустрија. Производите од кантарион – чај, масло, тинктура одамна се користат против изгореници, хемороиди, исеченици, депресија, смирување, болки во желудникот, цревни паразити, дијареја, настинка, кашлица и астма. Кантарионот има антибактериско дејство и е природен антисептик.

Употреба на маслото од кантарион

Традиционално, масло од кантарион се припрема на Иванден, а има антивоспалително дејство. Од цветовите на кантарионот се прави лековито масло, кое може да се користи за:

  • изгореници од сонце
  • масажа при болки во половината, мускулите и зглобовите
  • забрзување на заздравувањето на рани и исеченици
  • модринки
  • масажа при канцер на дојка по третманите со зрачење
  • убоди од пчела
  • проширени вени.
масло од кантарион

Направете масло од кантарион

За да направите масло од кантарион потребни ви се следните состојки:

Состојки:

  • Свежи цветови од кантарион
  • Ладно цедено масло – најдобро е да користите маслиново или сончогледово масло.

Подготовка:

  1. Цветовите од кантарион ставете ги во тегла, а потоа додајте го ладно цеденото масло. Количината на цветови и маслото е во зависност од големината на теглата, а потребно е да се наполни целата тегла со цветови.
  2. Теглата чувајте ја 40 денови на сонце, а повремено промешајте ја смесата.
  3. Потоа, маслото процедете го низ платнена цедилка и ставете го во стаклен темен сад. Припременото масло од кантарион чувајте го на темно и ладно место, и употребете го во период од една година. Маслото од кантарион нанесете го во мала количина на кожата, неколку пати на ден.

Сподели: