пијалок со јаболкова киселина за слабеење

Направете пијалак со јаболкова киселина за слабеење

Во последно време повеќе расте интересот за јаболковата киселина и нејзината моќ да помогне за намалување на вишокот на килограми. Употребата на јаболковата киселина за слабеење датира уште од древниот Египет. Научните студии покажуваат дека пијалакот со јаболкова киселина за слабеење го забрзува метаболизмот, ги согорува мастите и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Освен за слабеење, јаболковата киселина се користи за детоксикација, помага во оксидација на крвта и со тоа го спречува нејзиното згуснување. Тој е моќен извор на калиум кој помага во зацврстување на забите и ноктите, помага при проблеми со уринарен тракт и го намалува крвниот притисок.

Како храна и лек јаболковата киселина е енергизирачки тоник и исцелителски еликсир.

јаболкова киселина за слабеење

Пијалак со јаболкова киселина за слабеење

Приготвувањето на пијалак со јаболкова киселина за слабеење е многу едноставно. Овој пијалак го намалува апетитот, го ослободува вишокот на течности од организмот и помага во согорувањето на масните ткива.

Состојки:

  • 1 до 2 лажици јаболкова киселина
  • млак чај од камилица или вода
  • мед и цимет по желба.

Подготовка:

  1. Измешајте 1 до 2 лажици јаболкова киселина во чај од камилица или чаша вода. По желба може да додадете мед или цимет кои ќе го забрзаат процесот на слабеење и ќе ви помогнат во намалување на холестеролот.
  2. Пијалакот со јаболкова киселина може да го пиете два пати на ден, половина час пред оброкот. Ако сакате за брзо време да го намалите вишокот на килограми, покрај пиењето на пијалакот со јаболкова киселина се препорачува да вежбате 3 до 4 пати во текот на неделата.

Исто така, треба да пиете поголема количина на вода за да се излачат токсините од организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: Јаболкова киселина – храна и лек за 27 болести.

Сподели: