како да направите сами етерично масло 1

Како да направите сами етерично масло

Често слушаме заетерични масла и ги спомнуваме во повеќе содржини од категоријата направи сам. Тие се дел од производите за нега на косата и кожата, се користат во изработка на разни релаксирачки и други средства за опуштање, масла за масажа и многу други намени. А, дали знаете дека можете и сами дома да си направите етерично масло?

Потребни ви се само неколку состојки и уште неколку пропратни садови и материјали. Правењето на етерично масло дома може да биде фамилијарна активност, забавна игра и прекрасно дружење. Еве како може да го направите тоа на домашен начин, а ако сакате можете веднаш да го употребите за корисна намена и да си направите природен освежувач за простории.

како да направите сами етерично масло 2

Состојки и материјали:

  • Основно масло
  • Стаклени теглички со капачиња
  • Уред на кој може да се прилагоди тивок оган
  • Шерпа (или обично поголемо тенџере)
  • Газа
  • Темни теглички со капачиња
  • Зачински растенија и цвеќиња по избор.

Постапка:

  1. За почеток одберете го базичното масло, односно маслото за основа. Тоа може да биде маслиново масло, бадемово, масло од коски од кајсии итн.
  2. Во проѕирните теглички ставете ги избраните растенија и со нив наполнете 2/3 од тегличките, а потоа наполнете ја секоја од тегличките со основното масло до горе. Тегличките добро затворете ги.
  3. Потоа, така припремените теглички ставете ги во тенџерето и налејте вода во висина до половина од тегличките. Внимавајте температурата на варење да биде тивка и оставете ги така да крчкаат барем неколку часа, а по потреба додавајте вода.
  4. На крај, едноставно процедете ја течноста и издвојте ги растенијата со помош на газата и чистото масло турете го во темните теглички со капачиња. Чувајте ги на темно и суво место.

Ви предлагаме да прочитате: Домашно ароматично масло за масажа и релаксација.

Сподели: